Quantcast
Channel: МКЦ
Viewing all 1499 articles
Browse latest View live

„БЕЗ ВРСКА“ („DISCONNECTED“)

$
0
0

Disconnected_Poster_web

Краток дипломски филм на режисерот Радован Петровиќ. 15.10.2018 21:00 Времетраење: 22 минути Режија и сценарио: Радован Петровиќ Директор на фотографија: Андреј Лембанов Улоги: Петар Стојанов, Катина Иванова, Тамара Ристоска, Љубиша Гавровски, Тони Кукавица, Дејан Ристовски
Филмот раскажува за неочекуваната средба помеѓу млад дечко и возрасна жена, средба од која засекогаш ќе се испреплетат нивните животи.

„ХАШИШ“ од Ѓорѓе Јовановиќ

$
0
0

i3

Промоција и изложба на графичката новела „Хашиш“ од Ѓорѓе Јовановиќ по текст на Анри Мишо Графичката новела „Хашиш“ е седма книга од стрип-едицијата „Лифт“ на издавачката куќа Темплум. Анри Мишо е еден од најуникатните творци на 20 век, кој покрај пишувањето поезија, проза и патеписи, долги години се занимавал со сликарство. Мишо се занимава со „внатрешниот свет“ на човечките соништа и кошмари. Во еден период од неговото творештво тој користел дроги, особено мескалин, за да достигне состојба на поголема чувствителност што би влијаела врз неговата уметност. Мишо им припаѓа на групата на уметници што ги уриваат конвенциите во литература - метафората и декорациите се ретки. Свет полн со страв, вознемиреност и отуѓување.Тој создава надреални слики, кои произлегуваат од неверојатната моќ на имагинацијата, често исполнети со многу апсурден хумор. „Битно за мене беше тоа да не биде ‘сува’ илустрација на текстот, туку поттик да го пресоздадам со една моја визура. Светот во графичката новела „Хашиш“ изобилува со ситуации што претставуваат огромен предизивк да бидат преточени во слика или пак графичка новела. Исто така и фактот дека текстот нема класична наративна линија, туку претставува збир на фрагменти-записи или пак дневник што тој го водел додека експериментирал со хашишот. Таквата фрагментирана структура ми даде огромен простор за ‘маневрирање’“. Ѓорѓе Јовановиќ На 12 октомври во галеријата на Младинскиот културен центар публиката ќе има можност да го види целиот процес на изработка на графичката новела. Селекција на цртежи, развојните фази на книгата, неколку решенија за корица, како и фонтот што специјално е изработен за потребите на оваа графичка новела.

ЦРНИЛА РЕМИКС

$
0
0

crnila remix_poster

„Црнила ремикс“ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналниот препев и музика на Зад Аголот нè носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп субкултурата. Идеја и режија: Јордан Симонов Музика и препев: Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад Аголот“) Улоги: Луков - Стефан Вујисиќ Фезлиев - Александар Михајловски Хонда Иван - Владимир Петровиќ Методи - Горан Ников Младичот - Ненад Анѓелковиќ Неда - Сања Арсовска Христов - Павле Димковски Асистент на режија: Виктор Рубен Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска Видео: Милан Блажевски, Борис Таковски Дизајнер на тон: Симон Кипровски Дизајнер на светло: Илија Тарчуговски Графички дизајн: Бисера Михајловска Фото: Кире Галевски https://www.youtube.com/watch?v=bJnGd25ZNU4

Noga Erez на CINEDAYS 2018

$
0
0

NOGA EREZ

Драги наши, Успешно ги завршивме MOT theatre festival, Бела Ноќ, Skopje Vinyl Convention. Во МКЦ следува Skopje Jazz Festival, па промо забава со The Magnificent Dj Jazzy Jeff во Скопје како најава за вашиот и наш омилен филмски фестивал Cinedays Festival of European Film! Отворањето на 17-то издание на CINEDAYS е на 8 ноември, а од тогаш, па во наредните 10 дена Скопје живее во филм, а годинава можеме слободно и да кажеме со неверојатно богата, разнвидна и квалитетна музичка подлога на целото филмско „лудило“ што следи. Првиот концерт во рамки на CINEDAYS, за отворањето на фестивалот, на 8 ноември е концертот на NOGA EREZ. NOGA EREZ ни доаѓа од Тел Авив, Израел, за првпат во Македонија. Без оглед на музичкиот стил, како и чувствата кон својата татковина, Нога Ерез никогаш не можела да го игнорира своето опкружување. На крајот на краиштата, дури и ескапизмот признава дека постои нешто од што треба да се побегне, и напати, како и многумина други што израснале во Тел Авив, Ерез сака да се исклучи од светот во кој владеат сили што ниту ги разбира, ниту може да ги контролира. Но, има нешто што Ерез во никој случај не е – наивна. А значењето на ова е едноставно: нејзината музика го изразува начинот на којшто научила да живее. За ова, самата вели: „Целта ми е на луѓето да им давам моменти на мисла и инспирација, но истовремено да им понудам и бегство и забава“. Тоа не е баш лесна цел, но малкумина успеваат во тоа како Ерез. Музиката што ја создава заедно со нејзиниот партнер и музички соработник Ори Русо, истражува голем број од пофизичките и подинамични елементи на електронската музика, но исто така опфаќа и еден необичен сензибилитет, што ја прави една од највозбудливите и најкарактеристични изведувачи од нејзиното поднебје. Црпејќи инспирација од Bjork, M.I.A, FKA Twigs, како и од Flying Lotus, Kendrick Lamar, Frank Ocean... Грубите текстури и моќната атмосфера создадени со нејзините синтисајзери и генијалниот ритам храбро ги пречекоруваат музичките жанрови, дополнително поттикнати од околината во којашто израснала. Бескомпромисна и непредвидлива, софистицирана и храбра, Нога Ерез е сосема јасна во однос на нејзините амбиции. „Музиката е наш начин да останеме во контакт со сопствените чувства и стравови, како и да избегнеме емотивно оддалечување од сѐ. Луѓето може да доаѓаат од најразлични краеви на светот, но сите тие делат иста основна база на емоции. Според мене, музиката е форма на уметност или комуникација што тоа најточно го изразува“. Билети за концертот на Noga Erez на 8 ноември во МКЦ СКопје во продажба од денес по цена од 250 денари. Може да се набават на Билетарница МКЦ или преку продажната мрежа на MkTickets. Проверете, срдечно препорачуваме.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

$
0
0
Почитувани другари и другарки, соработници и сите вие што сакате да аплицирате во Министерство за култура за проекти што би се случувале во 2019 година во Младинскиот културен центар, ве молиме да ги побарате вашите писма на согласност најдоцна до 30 октомври. Се надеваме на успешна соработка.
Со почит,
МКЦ тим

Graber & Steiger Architects

$
0
0

IMG_4437

Graber & Steiger Architects, Луцерн / Швајцарија По студиите на универзитетот ETH Zurich и GSAPP - универзитетот Колумбија во Њујорк, дополнети со практични обуки во Базел, Niklaus Graber и Christoph Steiger ја основаа својата архитектонска практика во Луцерн во 1995 година. Нивната работа досега вклучува јавни и институционални згради, како и приватни резиденции. Со победување на разни натпревари, Graber & Steiger ги исполнија, меѓу другото, училишниот комплекс во Buttikon, галеријата Panorama на планината Pilatus, фабриката за прозорци во Hagendorn и продолжувањето на Thun Panorama. Работата на Graber & Steiger е наградена, изложена и објавена на меѓународно ниво. Покрај тоа Graber & Steiger учествуваа на Швајцарскиот придонес во 7-та Меѓународна биенале за архитектура Сао Паоло во 2007 година. Помеѓу 2008 и 2015 Niklaus и Christoph држеа настава на BA и на MА курсевите по архитектура на Луцерн Универзитетот за применети науки и уметности. Од 2016 година тие се во посета на професори/академици на Бенгалскиот институт за архитектура, пејзажи и населби во Дака, Бангладеш. Никлаус Грабер дејствуваше како водечки куратор на изложбата “Bengal Stream – The Vibrant Architecture Scene of Bangladesh” во Швајцарскиот архитектонски музеј Базел 2016/17.

Lydia Lunch’s Big Sexy Noise на CINEDAYS

$
0
0

lydia lunch

Еден од двата активни музички проекти на no wave/post punk кралицата Lydia Lunch се вика Big Sexy Noise. Покрај нејзе во составот се и James Johnston и Ian White, гитарист и тапанар од познатиот состав Gallon Drunk. Бендот е формиран во 2008 година, а во 2009 го објавува првиот истоимен мини албум за Sartorial Records. Следува „Trust The Witch“ од 2011 и live снимка од концерт во Италија oд истата година, кој се појавува како самостојно издание во 2016 година. Big Sexy Noise може да се опишат како мрачен хеви блуз. Сугестивниот вокал на Lydia го следи „костурот“ на песните, кои го прави Gallon Drunk двоецот. Lydia Lunch е легенда на уметничкиот Њуjорк. Не постои сериозен музичар, кој нема соработувано со неа барем еднаш во својата кариера. James Chance и Nick Cave уште од раните The Birthday Party денови, Sonic Youth, Rowland S. Howard, Einsturzende Neubauten, Robert Quine, Michael Gira, Jeffrey Lee Pierce... Сите погореспоменати барем еднаш соработувале со „вештерката“, бидејќи таа соработка секогаш ветувала еден нов вид музичка/уметничка возбуда. Ултимативната икона на њујоршката авангарда за првпат во Скопје! Понеделник, 12 ноември, 23:00, МКЦ Скопје, во рамки на CINEDAYS 2018. Билети во претпродажба по цена од 300 денари набавете преку продажната мрежа на МК Тикетс или на Билетарница МКЦ. На ден на концерт цена на билет ќе изнесува 400 денари. https://en.wikipedia.org/wiki/Lydia_Lunch https://lydialunch.bandcamp.com/ http://www.lydia-lunch.net/ https://www.facebook.com/LydiaLunch/ https://www.allmusic.com/artist/lydia-lunch-mn0000171150/biography https://noisey.vice.com/en_us/article/6a7556/we-talked-to-lydia-lunch-and-she-didnt-seem-to-like-us-very-much https://www.theguardian.com/music/2015/jul/21/lydia-lunch-no-wave-music-writing-workshop

„ТАЖНА ПРИКАЗНА ЗА СРЕЌНИ ЛУЃЕ“

$
0
0

Tazna_prikazna_za_srekni_luge-(1)

Промоција на романот на Андреј Волкашин, „Тажна приказна за среќни луѓе“. Андреј Волкашин е писател и режисер, роден во Делчево во 1985 година. Неговите филмови и сценарија се подржувани од Македонската агенција за филм и од Бугарскиот филмски центар и се прикажувани и наградувани на многубројни меѓународни фестивали. Андреј сака да експериментира со различни жанрови и стилови, но во неговата работа, и како писател и како режисер, секогаш главен фокус останува комплексноста на човечката душа. „Заборавот е страшен. Се прикрадува како сенка во животот на немоќната старица Стана. Ја покрива болката во нејзиниот живот, но заедно со неа и целата негова убавина. За неа времето не тече од денес кон утре затоа што со секој нов ден Стана се буди во различен момент од својот живот. Еден ден таа е 14-годишна девојка што трча по подивените крави низ летната бура, а веќе наредниот е мудра мајка што се обидува да ја одржи љубовта меѓу своите деца, разделени од политичките идеологии во новородената Македонија. Стана патува низ времето обидувајќи се да ги зачува, да ги спаси од сенката сите спомени што вреди да се зачуваат. Преку неа мозаично се обликува приказната за едно мало македонско гратче и за маѓепсаните луѓе во него“.

Škrtice на CINEDAYS 2018

$
0
0

skrtice

За затворање на CINEDAYS 2018 на 18 ноември ја најавуваме белградската „супергрупа“ Шкртице! По нив во бифе МКЦ музика пушта словенечкиот DJ Yanoosh aka.Ohm Fat Билети во претпродажба по цена од 250 денари преку продажната мрежа на MkTickets или на Билетарница МКЦ. 18.11.2018 МКЦ Скопје 23:00 Cinedays Festival of European Film Škrtice е своевидна „супер група“ составена од предводникот Зоран Костиќ - Цане (Партибрејкерс). Својот деби истоимен албум го објави во декември 2016 година, а оваа година изданието доби и свое винил издание. Покрај легендарниот фронтмен на Партибрејкерс во групата членуваат и Владимир Колариќ (Велики Презир), Борис Младеновиќ (Јарболи), Данило Луковиќ и Бошко Мијушковиќ (Straight Mickey And The Boyz). Нивниот албум може да се опише како психоделичен, сиров, остар со многу емоции, искрен осврт на животот, кој се случува околу нас и во нас. Жанровски гледано, Шкртице може да се опишат како бенд што фузира панк, new wave, рок, па дури и hard core. Шкртице за прв пат гостуваат во Скопје, уникатнa прилика да се види Цане надвор од Партибрејкерси:) Едно е сигурно Шкртице се одличен бенд во живо. После Шкртице, во бифе МКЦ, музика пушта словенечкиот DJ Yanoosh aka.Ohm Fat. https://www.mixcloud.com/yanoosh/ https://soundcloud.com/ohmfat

„СФЕРА“ –изложба на д-р Биљана Петановска-Илиевска

$
0
0

СФЕРА

СФЕРА е прво самостојно претставување на авторот и е инспирирано од  долгогодишното духовно работење, себеспознавање и длабоките размисли за постоењето, внатрешните простори-универзуми, целта на живеењето, начинот на меѓусебната поврзаност... На несвесно ниво сите поаѓаме од своето  лично искуство, размислување и доживување и притоа сме силно убедени дека сме во право заради аргументите со коишто во дадениот момент располагаме. Притоа заради лажните претстави создаваме сопствени илузии и состојби во кои се убедуваме себе и другите дека се вистинити, заборавајки на пошироката слика и повисокото добро, кое ги опфаќа различните пристапи, гледања и идеи. Станувајќи свесни за нашата меѓусебна поврзаност како индивидуи во една заедничка сфера, која има свој белег, своја енергија, информации и заеднички искуства, се зголемува нашата свест за заемните влијанија и одговорности. Ослободувањето од ригидниот начин на размислување во кој ЈАС сум секогаш во право води кон отворањето на нови димензии, кои суперпонираат и се преплетуваат во сферата како безбројни можности и перспективи. Со самото тоа до сферата се оди преку надминување на идентитетите поврзани за ЕГОТО во празнот простор од кој се раѓа креативната енергија и бесконечните можности на креацијата. Д-р Биљана Петановска-Илиевска е редовен професор по предметот Хемија на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ , Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Родена е на 25.10.1957 год. во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје, а потоа се запишала на Природно математичкиот факултет (ПМФ) на насоката за применета хемија. Магистрирала и докторирала на ПМФ, Институт по хемија на насоката Аналитичка хемија. Во периодот од 2001 до 2002 година има посетувано часови за сликање со пастел кај академскиот сликар Јосип Каракаш. Во истиот период учествувала во групна изложба на слики во пастелна техника во Дом на градежници (Дом на култура - Кочо Рацин) во Скопје.

Gabe Gurnsey (Factory Floor) на CINEDAYS 2018

$
0
0

gabe gurnsey

Добрите познавачи на новите музички движења, оние што го креираат вкусот на артикулираната публика, деновиве ќе го посочат токму Gabe Gurnsey, како една од најжешките точки на современата електронска, но и воопшто алтернативна сцена. Особено оваа, 2018 е негова, година, која дефинитивно го произведува како еден од водечките композитори и иноватори, на среде купиштата "електронски имиња" што постојат само поради масовната побарувачка. Две причини зошто ЕДНОСТАВНО МОРАТЕ ДА ГО ПОСЛУШАТЕ/погледнете Gabe Gurnsey: 1. Тој е есенцијален дел, композитор и beat-maker на еден од најрелевантните нови бендови на денешницата, Factory Floor, чиј cutting edge е добро познат не само на едуцираната публика, туку нивната популарност и значење полека добиваат глобално ниво. 2. Неговиот СОЛО АЛБУМ "PHYSICAL", кој излезе пред неколку месеци, според многумина е АЛБУМ НА ГОДИНАТА 2018. Комплетно танцово искуство, моделирано преку најсвеж и модерен звук, совршен продолжеток на линијата Cabaret Voltaire, Criss & Cosey, New Order. Токму овие артисти и максималмно го поддржуваат и протежираат Gabe Gurnsey, како нивни легитимен наследник. Gabe Gurnsey на CINEDAYS ќе настапи ВО ЖИВО (придружен од John Rivet), што подразбира еден куп машини за произведување звук, но тој лично ќе седи зад сет со тапани. Тоа гарантира вистинско уживање за љубителите на cutting edge современиот звук, но и сите оние што сакаат да танцуваат. Придружно, но и во функција на збогатување на овој супер модерен концерт ќе настапат: KANTON 6 live Марко Рикалоски DJ set КАКВА ВЕЧЕР ДРАГИ СЛУШАТЕЛИ!!! Билети во претпродажба по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ. На ден на концерт, цена на билет ќе изнесува 300 денари.

ЗВУК КАРАЏИЌ

$
0
0

zvuk karadzic

Концерт во Планетариум Драги пријатели, малата мечка ве кани на концерт: Звук Караџиќ  Четврток, 25 октомври, 21 часот. Планетариум, МКЦ. Звук Караџиќ е здружение на музичко-книжевни импровизатори, безгрешно зачнато една убава септемвриска вечер на скопското Кале. Во здружението можат да учествуваат сите што си ги заборавиле партитурите на пулт, или тетратките со стихови во фиока; сите што мислат дека имаат што да кажат во мигот на случувањето и сите што сакаат да се препуштат на моменталната фантазија и да одлетаат далеку, далеку и најблиску до себеси. На концертот во четврток ќе учествуваат Костадин Делиниколов, Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш, а за планетариумската проекција ќе се погрижи вселенскиот маестро Даниел Анастасов. Билетите во строго ограничен број (60) се достапни на билетарницата на МКЦ, по цена од 150 денари.

SHABAZZ PALACES на CINEDAYS

$
0
0

shabazz palaces

Хип-хоп дуото Shabazz Palaces е проект на Ишмаел „Батерфлај“ Батлер, иако членот на Digable Planets не брзаше да го признае тоа. Во 2009 година Shabazz Palaces издадоа две EP изданија – едното едноставно насловено „Shabazz Palaces“, а другото под назив „Of Light“, но името на Батлер не се појави ни на едното, ни на другото. Енигматичниот сиетлски бенд не објави никакви промо фотки, не се појави на социјалните мрежи и немаше никакви соопштенија за јавноста, но тоа не ги спречи локалните медиуми да ги пофалат овие изданија, кои носат поголема длабочина од онаа на Digable Planets, а сепак ја задржуваат истата прогресивност. EP-ата станаа омилени и во канцелариите на Sub Pop и, во 2010 година, дискографската куќа, којашто обично соработува со инди изведувачи, го потпишува хип-хоп проектот, а потоа во 2011 година го издава и нивниот прв албум „Black Up“. Следно, излезе информацијата дека Тендај Мараире, синот на познатиот мбирарист Думисани Мараире, беше одговорен за повеќето музички инструменти на албумот и дека Shabazz Palaces во суштина се дуо. И Батлер и Мараире беа релативно тивки во годините што следеа, но најдоа време на гостуваат на „AwENaturalE“, деби албумот на алтернативното хип-хоп дуо од Сиетл, THEESatisfaction. Во 2014 година ќе соработуваат со Хусеин Калонџи за да го создадат албумот „riZevadZimuriZe“, а подоцна истата година излегува и нивниот втор албум, „Lese Majesty“. Три години подоцна, во 2017 година, излегуваат уште два албума: „Quazarz: Born on a Gangster Star“ и „Quazarz vs the Jealous Machines“ – обата албума го опишуваат патешествието на Quazarz, небесно суштество, кое се обидува да се справи со суровата реалност на животот на Земјата. Билети по цена од 250 денари во продажба преку продажната мрежа на MkTickets или на Билетарница МКЦ. https://www.facebook.com/shabazzpalaces/ https://shabazzpalaces.bandcamp.com/

Idris Ackamoor & The Pyramids на CINEDAYS

$
0
0

idris ackamoor

Idris Ackamoor & The Pyramids За прв пат во Скопје. Вечерта ќе ја отвори DJ BIGor од Словенија. Влезници во претпродажба по цена од 300 денари преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ. За фанови на: Sun Ra Arkestra, Gato Barbieri, Cecil Taylor, Fela Kuti, Heliocentrics, CTI, Gilles Peterson, Last Poets, Gil Scott Heron, Roland Kirk, Weldon Irvine, Nubya Garcia, John Coltrane, King Tubby.... Почетоците на The Pyramids се во 1972 година во колеџот Antioch, во Јелоу Спрингс, Охајо, а во првобитната постава бил и познатиот пијанист Cecil Taylor. Откако се формира во Париз и тргнува на „културна одисеја“ низ Африка, групата има снимено три независни албума, „Lalibela“ (1973), „King Of Kings“ (1974) и „Birth / Speed / Merging“ (1976), и станува позната по нивните впечатливи настапи во живо, мешајќи перкусионистички, спиритуален и space-age џез со театарски и танцов перформанс. Откако се селат во Сан Франциско, бендот се расформира во 1977 година. 35 години подоцна, повторно се обединуваат во 2012 години по зголемената побарувачка за нивната музика од страна на колекционерите на плочи. Германската продуцентска куќа Disko B го издава слободниот џез албум „Otherwordly“, а во 2016 година го издаваат нивниот прв албум за Strut, прочуениот „We Be All Africans“. „An Angel Fell“ излегува на 11 мај 2018 година и содржи рачно насликани дела на Lewis Heriz. „Новиот албум е вистински хит во моментов“. – Gilles Peterson. Strut го претставува „An Angel Fell“, најновиот албум на космичките џез патници The Pyramids, предводени од саксофонистот Idris Ackamoor. „Сакав да користам фолклор, фантазија и драма како алармна сирена“, објаснува Ackamoor. „Песните истражуваат глобални теми, кои се важни за мене и за сите нас: порастот на катастрофалните климатски промени и недостатокот од грижа за нашата планета, губењето на невиноста и разделбите... Но, има и позитивни теми како исцелителната моќ на музиката, колективната акција и едноставната убавина на природата“. Во продукција на Malcolm Catto од The Heliocentrics, албумот беше снимен за време на интензивна недела во Quatermass studios во Лондон и е едно од најдлабоките и најбогати дела на еден бенд што го има достигнато својот креативен врв уште од раните седумдесетти години на минатиот век. ----- Вечерта ја отвора jавачот на плочи BIGor! BIGor е алтер его на рок критичарот, публицистот и сценарист Игор Башин. По повод гостувањето на најновиот, трет дел од серијалот „Музиката е уметност на времето“, кој зборува за излегувањето на првиот албум на групата Лајбах, издаден 1985 година во Југославија, доаѓа на CINEDAYS со својот пакет на музика да го оттанцува својот вуду танц. Кај него сѐ се врти околу музиката. Има пишувано за фанзини и списанија, организирано концерти и работено по клубови, бил член на групата Štirjepravidedci, се има занимавано со музичка продукција, работено на Радио Штудент и Вал 202, како и на Телевизија Словенија, и има напишано книга за еден од најважните рок фестивали на подрачјето на поранешна Југославија, Нови рок. Денес е уредник на веб-порталот Nova Muska и соработник на порталот Odzven. Но, тоа што го поврзува сиот тој шаренолик пат е наследството што го остава музиката, која се врти кога тој ќе скокне во своето одело на јавач на плочи. Добредојдовте во неговата џунгла. Stay cool and crazy! Се гледаме во МКЦ

Востание фестивал 4

$
0
0

vostanie 4

ВОСТАНИЕ ФЕСТИВАЛ 4 BORN FROM PAIN (Европски хардкор легенди) VIOLENT CHAPTER (Белград, Србија) ФЛУКС (Скопје) YOU (Скопје) AGAINST THEM ALL (Битола) TRIGGERED (Куманово) 14 декември (петок) / МКЦ Скопје Врати 18:30, почеток 19:00 часот Билети во предпродажба на билетарница во МКЦ по цена од 350 денари. На ден на концерт 450 денари.

Manu Chao acoustic

$
0
0

manu ciao

EL CHAPULIN SOLO (Manu Chao acoustic)  #TAKSIRAT20 free party во МКЦ! Онаа најлоша забава Песните за сите падови Час патување низ музика Ние со Ману а Ману сам со гитара. Aguántame rumba ¡ Aguantanamera ¡ и кога е најмрачниот дел од ноќта... ¡ Не го пропуштај! нови и некои вечни стихови ¡ Дружба која тера да издржиш сѐ! Извртените зборови, згрешените животи, комшиите од плочниците, другарите по таксиратот, тајните збогувања, улиците, сокаци, свадби, погребувања и живот на маргините... Aguantame Rumba! Преврти го Скопје наопаку! БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ

Anna O & YÖU на Cinedays 2018

$
0
0

anna o

Македонска панкрок/емо вечер на Cinedays Festival of European Film Anna O.  Кочанско трио, кое музички варира од меланхолично болни погледи, до испакнати вени од агресија. Чиста експресија, која не нуди решение или излез од калта, но неуморно потсеќа дека е гадна и дека смрди. Овој концерт воедно ќе биде и концертна промоција на нивниот нов албум „Гробот на еден робот“. YÖU се панкрок тројка од Скопје. Постојат од 2015 година, имаат издадено еден албум “We sing the blues” во јануари 2017 година. YÖU се: Марко Крстевски, Тејка Васиљевиќ и Ерик Омерагиќ. Билети по цена од 200 денари преку продажната мрежа на MkTickets или на Билетарница МКЦ.

The Mauskovic Dance Band na CINEDAYS

$
0
0

mauskovic

За бендов најевројатно никогаш не сте слушнале, доаѓаат од Холандијa, се викаат Mаuskovic Dance Band и гостуваат за прв пат во Скопје заедно да го прославиме денот на ослободувањето на градот, 13 ноември! The Mauskovic Dance Band е проект на амстердамскиот продуцент и музичар Nicola Mauskovic. Во период на преполн распоред свирејќи на тапани за разни бендови, Никола сепак најде време да започне студиски експерименти коишто на крајот ќе доведат до неколку синглови, издадени за швајцарската Bongo Joe Records во 2017 годинапод името The Mauskovic Dance Band. По ова, со помош на долгогодишните соработници Doni Mauskovic (вокал, клавијатури, ефекти), Em Nix Mauskovic (гитара, синтисајзер, перкусии) и Mano Mauskovic (бас-гитара) го прави преминот од плоча на сцена. Набрзо, бендот ќе го привлече вниманието на легендарниот андерграунд продуцент, Juan Hundred, кој ќе го напушти својот дом на Карипските острови за да ги придружува на тапани. Бидејќи секој член на бендот има различно потекло, групата црпи инспирација од разни жанрови: главно африканско-колумбиски стилови како чампета, паленке, кумбија и пико културата, како и од афро-диското и no-wave сцените во нивната моментална база Амстердам. Градското жариште од андерграунд продуценти му има дадено и електро жичка на бендот, со vintage драм машини и синтисајзери, кои лесно се мешаат со афро-латино ритмите и вештите гитарски рифови за да создадат современ звук збогатен со културолошки влијанија. Целта на Mauskovic Dance Band е една, а тоа е да ги натераат луѓето на нивните концерти да танцуваат. 13 ноември МКЦ Скопје 23:00 Влез Слободен! CINEDAYS FILM FESTIVAL 2018 https://www.facebook.com/TheMauskovicDanceBand/ https://mauskovicdanceband.bandcamp.com/

Сеќавање на ЕКВ, Деца из воде + Жика Тодоровиќ на CINEDAYS

$
0
0

EKV

По повод 60 години од раѓањето на Милан Младеновиќ  (1958, Загреб) ве покануваме на мултимедијална програма под насловот „Сеќавање на Милан и ЕКВ“, кој го приготвува проект-бендот „Деца из воде“ со специјалниот гостин Срѓан Жика Тодоровиќ. По повеќе од две децении на бина во Скопје ќе настапи легендарниот Жика, оригинален тапанар во ЕКВ и ќе отсвири дел од програмата на овој преокт-бенд. Тој беше член на бендот од 1987 до 1990 година и со ЕКВ сними два албума - „Љубав“ и „Само пар година за нас“. Песните како Земља, Круг, Срце, Љубав, Пар година за нас, Поред мене, 7 дана... доминираа на топ-листите, а тој период се смета за најуспешниот период на ЕКВ. Огромен продонес за тој успех донесе и Жика со својот уникатен стил на свирење. Пред тоа има настапувано во Дисциплина Кичме, а пред „Дисциплина“ има свирено во неколку белградски бендови во периодот на „новиот бран“. По ЕКВ, забележува и времени соработки со Партибрејкерс, Електрични Оргазам, Казна за уши, а подоцна комплетно се посветува на актерството и добива улоги во познати филмови и серии. По пауза од повеќе од две децении прилика да го видиме, слушнеме и поздравиме Жика во Скопје. Деца из воде е ЕКВ проект-бенд создаден пред три години во Белград со идеја концертно да го одбележи сеќавањето на Милан Младеновиќ, ЕКВ и нивниот музички опус. Бендот го сочинуваат Зоран Младеновиќ, Луна Шкопеља, Лазар Остојиќ и Никола Рајовиќ. Сите членови на бендот се искусни и врвни музичари вклучени во разни други бендови, а во овој проект ги спои заедничката пасија кон ЕКВ. На репертоарот се сите најголеми хитови од сите шест студиски албуми на ЕКВ, како и нивното деби како Катарина II и двата најголеми хита од периодот на Милан во Шарло Акробата. Пред концертот во Даниснг сала МКЦ ќе се прикаже филмот Дечак из воде. Краток филм снимен во 2014 година за животот и кариерата на Милан Младеновиќ. Филмот хронолошки ги следи животот и кариерата на Милан, а проникнат е со песните ЕКВ, Шарло Акробата и проектите Римтутитуки и Ејнџлс брет. Изграден е од перспектива на еден млад музичар што е роден по смртта на Милан и ги сака ЕКВ и преку соговорниците истражува кој бил Милан Младеновиќ и какви биле општеството и околностите во времето кога творел, а завршува со заклучокот каков белег имаат оставено неговите дела денес. Како соговорници во филмот се појавуваат Зоран Костиќ (Партибрејкерс), Душан Којиќ Која (Шарло акробата, Дисциплина кичме), Иван Ранковиќ Рака (тапанар на ЕКВ 1985-1987), Александар Жикиќ (автор на биографијата „Место во меќава: Приказна за Милан Младеновиќ“), Горанка Мариќ (фотограф) и други познати личности и музичари, а анкетирани се и обични граѓани. Билети во претпродажба по цена од 250 денари преку продажната мрежа на MkTickets и на Билетарница МКЦ. На ден на концерт, цена на билет ќе изнесува 350 денари. Се гледаме на CINEDAYS.

ЖИВ ЅИД #3

$
0
0

жив ѕид

Во третото издание на ЖИВ ЅИД со своето присуство ќе нѐ почестат двајца добро познати скопски ликови - Јовица Ивановски и Ѕвездан Георгиевски. Добри познавачи на скопскиот асфалт, ќошиња, меани и пајажини. Автори на повеќе поетски и прозни книги, од кои посебно ги издвојуваме „Градот што веќе не е мој“ (Јовица Ивановски) и „Урбани топоними“ (Ѕвездан Георгиевски). Домаќинот Ѓоко Здравески, низ муабет, читање и по некоја пијачка со гостите, ќе проба да покаже зошто еден град без своите писатели е како сутлијаш без цимет, кафана без кариран чаршаф, ѕид без графити...
Viewing all 1499 articles
Browse latest View live