Quantcast
Channel: МКЦ
Viewing all 1499 articles
Browse latest View live

PLAY UK 2018 ARCADIA

$
0
0

playuk_image-1

PlayUK е платформа на Британски совет за Западен Балкан чија цел е да го поддржи и развие аудио-визуелниот сектор во регионот. Преку воспоставување врски меѓу професионалци од Обединетото кралство и земјите од Западен Балкан, програмата на PlayUK го поддржува преносот на знаење и вештини во областите на виртуелна реалност, аугментирана реалност, визуелни ефекти и анимација, и создава уникатен мост меѓу креативците и ИКТ секторот. Дел од програмата во Скопје ќе биде интерактивна дигитална изложба на која ќе бидат претставени најновите и најголемите достигнувања во полето на ВР и АР инсталации, видео игри, мобилни апликации и друго; работилницата Дневна соба од иднината, чиј домаќин е FACT, ја истражува иднината на радиодифузијата; работилница што ќе ја води Forensic Architecture, кој беше во потесниот круг кандидати за Тарнеровата награда во 2018, во Музејот на современа уметност во Скопје; како и дневна музичка програма со диџеи од Западен Балкан и Обединетото кралство. Десетина креативци од дигиталните медиуми и експерти од Западен Балкан ќе бидат поканети да престојуваат во Скопје и да учествуваат во програмата. - 2 НОЕМВРИ - 10:00-17:00 Дневната соба од иднината // работилница 14:00-17:00 MADLAB // работилница 17:00-22:00 Гејмерска изложба 17:00-22:00 Google Tiltbrush // работилница 17:00-22:00 Oculus Medium // работилница 17:30-19:00 Уметноста во четвртата индустриска револуција 19:00 ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ ***Музичка програма 19:00-01:00 Dejan Dex BerryQuat 22:00-03:00 Chagall DJ game Over DJ Гоце САФ - 3 НОЕМВРИ - 10:00-17:00 Дневната соба од иднината // работилница 10:00 MADLAB // работилница 12:00 Micro:bit основна работилница за ученици 14:00 Micro:bit напредна работилница за ученици 16:00 Micro:bit работилница со наставници 14:00-16:00 Unity Games Engine // работилница 17:00-22:00 Гејмерска изложба 17:00-19:00 Практичен водич за формат на соработка со Универзитети 17:00-22:00 Google Tiltbrush работилница 17:00-22:00 Oculus Medium работилница ***Музичка програма 19:00-01:00 Violeta Kachakova Sonja Ismail 22:00-03:00 Nino Naumov Ода Халити Ben Pearse - 4 НОЕМВРИ - 10:00-13:00 Sunday chill 10:00-20:00 Гејмерска изложба 13:00-14:00 Специјална тура со кураторите на изложбата 14:00-16:00 Unity Games Engine // работилница 17:00-20:00 Google Tiltbrush // работилница 17:00-22:00 Oculus Medium // работилница ***Музичка програма 14:00-20:00 Emi Ermilova Сашо Узун Преземи програма: https://goo.gl/tb2mqk

TAU на CINEDAYS

$
0
0

tau

За прв пат во Скопје директно од Берлин трансцеденталното психоделично племе - TAU! Со векови, пустината важи за духовно богат пејзаж. Нејзината пространост и мирна спокојност на многумина им нудат чувство на духовно будење или вонтелесно искуство, а во еден свет, кој секојдневно станува сѐ позафатен, ова рефлективно бегство во еден од најпрекрасните простори на природата станува разбирливо попривлечно за некои луѓе. Ова секако важи за Shaun Nunutzi, член на фантастичните Dead Skeletons, кој сега настапува под името TAU, придружуван од венецуелскиот мулти инструменталист Gerald Pasqualin. Мистичните сили на пустината Real de Catorce во северозападниот дел на Мексико се покажаа како витална инспирација за длабоко психоделичниот умствено патувачки EP насловен како „Wirikuta“, кое е домородното име за земјата. За неговото време поминато таму тој вели: „Поминувањето време на места како овие ви ги буди сетилата и прави да се чувствувате поврзани со земјата, нешто за што секој копнее. Имаме време да размислиме и да ја ослободиме интуицијата, нешто што оди рака под рака со креативниот процес“. Влезници по цена од 200 денари преку продажната мрежа на МК Тикетс или на Билетарница МКЦ.

Женски младински хор на CINEDAYS

$
0
0

ZMH

Почитувани, Ве покануваме на целовечерен настап на наградуваниот и вреднуваниот, гордоста на МКЦ - „ЖЕНСКИ МЛАДИНСКИ ХОР“. Вечер насловена „JazzToVoice“, каде што ќе имате уникатна можност да го видите и слушнете „Женскиот младински хор“ во едно поинакво издание. Со бенд во придружба, составен од: Кирил Туфекчиевски - контрабас, Гордан Спасовски - пијано, Виктор Филиповски - удиралки, низ вечерта ќе нѐ води г. Ален Хаџи-Стефанов, диригирано од Маестро Сашо Татарчевски. На програмата: Hoagy Carmichael: The nearness of you Richard Rodgers: Isn`t it romantic George Gershwin: Love is here to stay Henry Mancini: Charade Hoagy Carmichael: Skylark Herman Hupfeld: As time goes by Joseph Cosma: Autumn leaves Harold Arlen: Stormy weather Jerome Kern: All the things you are Jay Livingston: Mona Lisa Joao Gilberto: Bim-Bom 11 ноември, МКЦ, влез СЛОБОДЕН, почеток 23:00, во рамки на Cinedays Festival of European Film

„Хрониките на Арслан Новинарски“ –Иван Шопов

$
0
0

sopov

На 7 ноември (среда) во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгата „Хрониките на Арслан Новинарски“ од Иван Шопов, во издание на Темплум. Tекстовите застапени во книгата се објавени во периодот 2012-2018 на интернет порталот Окно, во рубриката Пара вести. За „Хрониките на Арслан Новинарски“ ќе зборува Ѕвездан Георгиевски, а извадоци ќе чита Ѓоко Здравески. „ХРОНИКИТЕ НА АРСЛАН НОВИНАРСКИ е духовит сеизмограф на нашето време. Овие текстови во годините што следуваат ќе можат да се читаат како еден вид исчашена алтернативна историја на она што ни се случуваше во изминатите десетина години. Алтернативна историја, која додека ја читаме ќе нѐ засмејува, но често во таа насмевка ќе има и горчлива нишка. Ама таква беше и нашата стварност“, пишува Владимир Јанковски во рецензијата за книгата. * * * Иван Шопов е роден 1987 година во Скопје. Завршил Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Ги објавил збирката раскази „Азбука и залутани записи“ (2010), збирката песни во проза „Меше на годината“ (2012) и збирката раскази „091 - антиразгледници од Скопје“ (2017). Пишува и поезија и хаику. Расказите и песните му се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик. „Хрониките на Арслан Новинарски“ е негова четврта книга.

Страјк –самостоен концерт, Таксират #20

$
0
0

strajk

Конечно: Концерт на СТРАЈК!!! Сурово искрен е врвниот андерграунд хип-хоп, а таму со посебен респект и моќен израз, сурово искрено твори еден и единствен Strajk Oficijalen Profil! Прв пат евер со самостоен настап во живо: 2 декември, МКЦ, Скопје!

ВАРДАР ТРИГЛАВ 2018

$
0
0

VARDAR TRIGLAV

Музичкиот караван „Вардар Триглав“ повторно во МКЦ. Овој пат сочинет од словенечкиот гитарски квартет Lynch, српската електро/диско/поп сензација Sergio Lounge, а домаќини на скопскиот концерт ќе бидат неуморните Rib. Концертот е закажан за 23.11., со почеток во 20:30. Цена на билет е 200 денари, на ден на концерт цена на билет ќе изнесува 300 денари. Покрај скопскиот концерт караванот ќе ги посети и: 21.11. KUD Channel Zero Metelkova / Љубљана 22.11. Elektropionir Цетињска 15 / Белград Во соработка со Kataman (Словенија) Се гледаме во МКЦ

Bernays Propaganda свири: Xaxaxa My tear 21 век Васко Атанасоски

$
0
0

bernays

На 22 и 23 февруари, по 2-годишна концертна апстиненција во Скопје!!!! BERNAYS PROPAGANDA свират: XAXAXA, My Tear21 vek = 21 век и Vasko Atanasoski Васко Атанасоски 33 песни за 150 минути+ Balkan Veliki Балкан Велики DJ сет !!! ИСКРЕНО, концертите на 22 и 23 февруари ќе бидат наши последни на подолго време, ако не и последни кои некогаш ќе ги отсвириме!!! Едноставно, немаме повеќе сила да го работиме ова на високото ниво коешто самите го наметнавме, а и изморени сме од 13-годишната борба со културната мафија и слугите на големиот капитал. Иако дадовме сѐ од себе да не се случи ова, едноставно го признаваме поразот и силата ја чуваме за нашите последни настапи!!!

BOOKSTAR –фестивал на европската литература

$
0
0

bookstar2018_facebook_event cover

BOOKSTAR 2018 е фестивал на европската литература, кој веќе четврта година по ред преку книжевноста ги објаснува феномените на овој век, истовремено избавувајќи ја од стерилниот деветти круг на академскиот третман. Фестивал што ги поставува прашањата што непријатно и тивко се одговараат, фестивал што разработува општествени и социјални теми по old school принцип: книжевноста како лек против егзистенцијалните тегоби и социолошките норми. Фестивалот BOOKSTAR e прв фестивал на европската литература во Македонија, организиран од издавачката куќа „Антолог“. Во рамките на оваа манифестација, која започна во 2015 година, а се одржува секоја есен, се вклучени Саемот на европската литература, гостувања на странски и на домашни автори, промоции, дебати и други интересни настани и содржини. Во МКЦ имаме: 19 ноември, 19:30 - Претставување на книгите „Светата крв“ и „Даровите на светот“ и разговор со авторот Антотн Баев (Бугарија) Промотор: Елизабета Шелева - Претставување на книгите „Празни улици“ и „Луксембуршката градина“ и разговор со авторот Михал Ајваз (Чешка) Промотор: Соња Стојменска-Елсезар 20 ноември, 19:30 - Претставување на книгата „Глад“ и разговор со авторот Џамал Уаријачи Промотор: Душко Крстевски - Претставување на книгата „Медицински роман“ и разговор со авторот Рику Корхонен Промотор: Владимир Јанковски - Претставување на книгата „Сага за Јон“ и разговор со авторот Офејгур Сигурсон Промотор: Ристо Солунчев

CREART ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ЕВРОПСКА ИЗЛОЖБА ВО 2019 ГОДИНА

$
0
0

Logotipo_CreArt

Град Скопје ги повикува заинтересираните уметници од областа на визуелните уметности и уметноста на новите медиуми  од Скопје да поднесат пријава со свое портфолио на англиски јазик за учество во постапката за селекција на најмногу 10 уметника  од градот Скопје за учество на Европската изложба во 2019 година која се оддржува во рамки на европскиот  проект „CREART“. 1. За Европската изложба Еден од водечките активности на CreArt 2.0 е годишната патувачка Европска изложба во која учествуваат уметници од сите 12 градови партнери, а селектор на изложбата е куратор од градовите-партнери предходнио избран по пат на јавен повик. Секоја година големата зедничка Европска изложба се одржува во три града партнери. Каталозите и промотивните матреијали ќе бидат дистрибуирани во сите партнерски градови. Второто издание на Европската изложба, насловена „The third space ќе биде организирано во 2019 година во 3 града учесници во проектот CREARТ, а нивниот распоред и рута се следните: - Загреб, Хрватска - Лече, Италија - Клермон-Феран, Франција 2. Куратор и концепт на изложбата Куратор и селектор на изложбата во 2019 година е Јованка Попова од Скопје, Македонија, а нејзиниот куратоски концепт се базира на темата The third space“ (Третиот простор) и се темели на употребата на терминот солидарност, кој значително се шири во рамките на разни општествени, политички и културни сфери. Изложбата ќе даде вовед во линија на специфичностите на терминот солидарност како заедничка состојба, од денешните истории и култури и покажува како тие постојано се надвиснуваат на сегашноста, барајќи активно да се вклучиме во трансформирање на сопственото разбирање на меѓукултурните односи. 3. Селекција на делата - Доколку бидат пријавени повеќе од 10 автори, ќе биде извршена предслекција на доставените пријави од страна на локална комисија, -  Конечната селекција на уметници, кои ќе учествуваат на изложбата ќе биде извршено од страна на кураторката Јованка Попова, која од предложените уметници треба да одбере најмалку еден уметник од секој град и да ја состави конечната листа на учесници на изложбата и заедно со уметниците ќе се договара околу конечната селекцијата на дела кои ќе бидат изложени. - Уметниците ќе бидат информирани за резултатите од јавниот повик. 4. Услови за учество и покривање на трошоци -  Право на учество имаат уметници или уметнички групи од областа на визуелните уметности и уметоста на новите медиуми, кои живеат, работат или студираат во Скопје. - Максмален број на дела со кој уметникот/уметничката група може да се пријави е пет (5), - Пријавените уметници/уметнички групи треба да ја следат темата „The third space“ зададена од кураторот Јованка Попова дадена во прилог на повикот, - На избраните уметници ќе им биде исплатен авторски хонорар од 500 евра нето во денарска противредност од страна на Градот Скопје врз база на авторски договор, -  Избраните уметници ќе имаат можност да присуствуваат на една локација од трите на кои се оддржува изложбата во 2019 година (со исклучок на оние уметници, кои ќе мораат сами да ги поставуваат своите дела), што вклучува покривање на трошоци за пат, храна и сместување од страна на организаторот, - Грижата околу превземање, превоз, осигурување и пакување на избраните дела како и подготовка на каталогот ги презема организаторот на изложбата, - Дополнителните трошоци поврзани со престојот во странство ги сноси уметникот. 5. Начин на пријавување: Право на учество имаат сите уметници, кои живеат и  работат  во Скопје. Заинтересираните уметници треба да ја пополнат пријавата на македонски јазик, како и да испратат своја биографија, портфолио и фотографии на  најмногу 5 референтни дела кои одговараат на темата на повикот, писмо со намери и други релевантни документи на англиски јазик кои ќе бидат препратени на кураторот. Напомена:  Званичен јазик  на комуникација со кураторот и организаторите на изложбата (Загреб, Лече, Клермон-Феран) како и одговорните лица од градовите е англискиот јазик. Со поднесувањето на потпишаната пријава авторите се согласуваат со условите на конкурсот. Целиот јавен повик може да се види на следната интернет врска Пријавата може да се симне на следната интернет врска Писмото од кураторот на изложбата можете да ја погледнете на следната интернет врска.  Пријавата треба да се испрати најдоцна до 26 ноември 2018 година (понеделник)  на следната е-маил адреса: adrijana.bozhinoska@skopje.gov.mk Лице за контакт Адријана Божиноска, Kоординатор на проектот од  Град Скопје тел. 02/3297-221,  е-маил: adrijana.bozhinoska@skopje.gov.mk

ИЗЛОЖБА НА СТЕФАН ДИМОВСКИ

$
0
0

S.D.

Во Галеријата МКЦ на 19.11.2018 (понеделник) во 20 часот ќе се отвори самостојна изложба на Стефан Димовски. На изложбата авторот ќе се претстави со 30-ина дела во комбинирана техника. Стефан Димовски е роден 1983 во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно започнува да се занимава со акварел во 1995. Долгогодишниот престој во Франција му oвозможува да воспостави контакти со познати акварелисти и да ја усоврши акварелната техника до перфекција.  Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција.  Во 2010/2011 година дел од неговите акварели се селектирани во 11-тото издание на Интернационалниот каталог за модерна уметност (Италија, Рим) – MDS CATALOGO INTRNAZIONALE  D`ARTE MODERNA no.11 (EDITRICE  D`ARTE CIDA ROMA 2010/2011). Во 2011 добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12 саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција. (FOIRES AUX CRОUTES DES PEINTRES ET DES AQUARELLISTES - Saint Raphael, France 2011). Во 2011 година исто така добива втора награда за скулптура изработена од отпад за рециклирање, во организација на ПАКОМАК. Во 2015 година станува член на ДЛУМ и учествува на сите изложби во организација на ДЛУМ во Р.Македонија како и во странство. Во 2017 добива награда „ЗЛАТНА ЧЕТКА“ од ДЛУМ на МиниАРТура во НЛБ галерија. Во 2018 година заедно со Ангел Димовски Чауш, Трајче Чатмов и Љупчо Илиевски ја претствува Македонија на WORLD ART DUBAI во организација на Matchboox gallery Skopje, каде што истата галерија е номинирана во 10 најдобри галерии во конкуренција од 42 галерии и 157 уметници.. Негови дела се наоѓаат во повеќе институции и приватни колекции во земјава и странство. Во неговите дела покрај чистиот акварел, присутна е и комбинирана техника (акварел, колаж, акрилик, сепиа, пастел).
Акварелот нуди големи можности за експериментирање и како ликовен израз од уметникот бара брза и вешта рака, суптилен колорит, специфичен ликовен јазик и познавање на техниката. Токму сето ова е присутно во творештвото на Стефан Димовски. Дора Андова Фотева
Стефан со неговиот талент иницира нов почеток со особена посебност во сликарскиот јазик, акварели автентично, маестрално и  лефтерно изведени со акварелната сликарска четка, ни наговестува голем мајстор во доменот на акварелот. Милош II Коџоман

СУБ Фестивал

$
0
0

sub

Здраво за сите љубители на драм енд бејс звукот. Пред вас е првото издание на драм енд бејс фестивалот Скопје Урбан Битс, или СУБ. Тие што не следат веќе знаат дека СУБ е онлајн подкаст емисија, која достигна до свое 137 издание. Во досегашните подкасти имаме преку 20 гостински миксови на разни музички стилови, како и интервјуа на поголемиот дел на гостите. Започнавме како подкаст решение за укинатата радио емисија “Bass Junkies“ во сега веќе далечната 2012 година. Покрај подкастите се водеше блог страна (која малку е запоставена). Во следните години СУБ доживува свое онлајн емитување на Радиото МОФ, организира забави и станува колектив. Сегашни членови на СУБ Колектив се: Bad Propaganda, Blagorodna и Stone Monkey. Има уште тон детали, но искрено не сакаме да ве товариме со информации, битно ни е да се забавуваме. А планот за забавата е следен: се роди идеја и измеркавме место пред 8 месеци, планот доби форма во последните 2 месеци, и се чека денот на неговото остварување. Значи, со почеток од 21 часот. На 15 декември во МКЦ (Бифе Фросина) ќе се одржи првенчето на СУБ Фестивалот со следните гости : /// Silence Groove е млад продуцент и доаѓа од Полска. Неговите почетоци започнуваат во 2010 со своите 18 години започнува со продуцирање на прогресивен транс и го издава својот прв сингл Shiny Snow` за Unearthed Recordings. Година дена подоцна инспириран од повеќе драм енд бејс продуценти тој започнува соработка со продуцентот Skeletone (Полска) и го прави својот прв днб сингл ’Love You Lose` за Soul Deep Recordings. Денеска Silence Groove зад себе има веќе 30 синглови за издавачките куќи. За прв пат е во Скопје, па да му покажеме дека знаеме да се забавуваме. ♦ Можете да го најдете на https://soundcloud.com/silencegroove

103 Генерации

$
0
0

103-Генерации

Почитувани, две и пол години по незаборавниот концерт на Psychic TV, што ја одбележа 25-годишнината на радиото, Канал 103 ве кани на ново уникатно искуство во вид на музичкиот фестивал - 103 ГЕНЕРАЦИИ. Инспирирани од нашата улога на „први во колоната" на патот кон повисока (музичка) свест, искра светлина во мрачните лавиринти на македонската независна стварност, решивме да ве „изместиме" од неа со еден супер современ музички настан. И тоа во духот на 27-годишниот процес на создавање автентична контра-стварност, духовна агора во којашто се пронаоѓаат и дејствуваат нови и нови напредни и храбри протагонисти на својот автентичен поглед на светот - 103 генерации. Во ова завртување назад и проценување на својот историски удел ја проникнавме идејата и пораката со која сакаме да ви се обратиме и да ве повикаме да ни се придружите во уште едно патување кон нашата заедничка контра-стварност. Во слава на музиката, слободниот дух и градот. Против стравот од промени и напредок, доминантната општествена глупост и примитивизам, омраза, национализам и разноразни теории на заговор. Целовечерен настан во МКЦ на два стејџа со четири исклучително квалитетни бендови и артисти од Велика Британија, Шведска, Албанија и Македонија, сите со актуелни албумски изданија во 2018 година. Фоајето на кино Фросина е резервирано за традиционалниот настап на диџеите на Стотројка. THE OSCILLATION се повеќе процес отколку бенд во класична смисла на зборот или можеби најточно, збир од сонични излети на извонредниот музички ум на Demian Castellanos. Оформени се во Лондон во 2006 година и во различни постави до денес имаат издадено 6 албуми, сите со цврста аудио-визуелна доследност и идеолошка дисциплина во музичка смисла. Нивниот звук можеме да го опишеме како модерна space rock психоделија отсвирена без компромиси и без поза, можеби совршена музика за шашавиот танц на Тереза Меј додека ги убедува Британците за благодетите на Брегзит. Во Скопје доаѓаат како трио за да го промовираат фуриозниот Wasted Space LP кој излезе овој септември, а кој британската музичка критика го прогласи за нивно најдобро остварување досега. Очекувајте напад на сите сетила со висок интензитет, дојдете опремени. https://theoscillation.bandcamp.com/ THE FIELD е псевдонимот под кој настапува Axel Willner, шведски електронски музички мастермајнд кој живее и работи во Берлин. Некогашен фан на Dead Kennedys и Misfits кои го инспирирале да направи панк бенд, за подоцна My Bloody Valentine, Slowdive и Seefeel да му ја откријат магијата на британскиот шугејз звук и можноста за негова електронска трансформација. Тоа и го издвојува The Field како автентичен и повеќедимензионален артист пристапен и за друга условно не-електронска публика и покрај неговиот суптилен минималистички техно звук. Уште од ултра успешното деби From Here We Go Sublime LP од 2007 година што критиката го вброи меѓу најдобрите 100 електронски албуми на таа декада до денес се наоѓа во самиот врв на електронската музичка сцена, а неговите 6 албуми, сите издадени за престижниот германски лејбл Kompakt се најдобра потврда за ова. Овој септември излезе успешниот и многу фален од критиката Infinite Moment LP, а во Скопје настапува првпат и тоа како дел од неговата европска промотивна турнеја во големите градови. Вистинска гозба за уши за фановите на сериозна авторска електронска музика. https://thefield.bandcamp.com/ I TPAME I TVRAME се дарк/минимал/колд вејв дуо од Тирана составено од Franc Kurti и Dina Hajrullahu. Постојат само две и пол години, а во јуни веќе го издадоа третиот по ред албум Ikin Vijnë LP со кој им се отворија вратите за успех и надвор од границите на Албанија. Негуваат дистописки мрачен, но современ електронски звук во кој суптилно се испреплетуваат синтовски и гитарски текстури врз кои одлично „вози“ етеричниот вокал на Dina Hajrulahu. Идеална атмосфера за внатрешен танц по ивиците на балканскиот 21 век. https://itpameitvrame.bandcamp.com/ SUSIJAT се четворка од Скопје. Деан Змејкоски, Тодор Караколев, Лазар Дарковски и Никола Дрвошанов се заедно од 2014 година, за наредната да го издадат нивниот првенец Safety in Numbness LP за Шарла. Негуваат комплексен и повеќеслоен звук во кој доминираат влијанијата на американската андерграунд сцена од 80те и раните 90ти години или во слободен стилски опсег од пост хардкор до пост рок. Минатата година имаа split изание со Portron Portron Lopez со кои беа на концертна турнеа низ Франција. Овој ноември им излегува вториот албум ZAD кој е драстичен стилски исчекор од својот претходник, а насловот е инспириран од една француска анархо комуна која се бори за својот опстанок. Нивниот настап воедно ќе биде и албумска промоција. Топла препорака за сите амбициозни инди фанови, одлични музичари од старата школа. https://susijat.bandcamp.com/ Боите на Стотројка, на вториот (електронски) стејџ, ќе ги бранат: Виолета Качакова, Илина Ангеловска, Ивана Драгшиќ, Мирко Попов и Андреа Салпе. ------------------------------------------------------------------------------------ БИЛЕТИ ВО ПРОДАЖБА во Југотон Рекордс, МКЦ и во продажната мрежа на МК Тикетс по цена од 350 ден. На денот на одржување на фестивалот, билетите ќе чинат 500 ден.

ЖЕНСКИОТ МЛАДИНСКИ ХОР ПРИ МКЦ ПОБЕДИ НА АКАПЕЛА НАТПРЕВАР ВО ВАРШАВА

$
0
0

ZMH

Женскиот младински хор при Младински културен центар во Скопје уште еднаш ја покажа својата класа, освојувајќи го првото место на силниот меѓународен акапела натпревар „Варсовија кантат“ во Варшава, Полска. Во конкуренција на голем број состави од Европа и Азија, хорот под раководство на маестро Сашо Татарчевски славеше во категоријата еднородни хорови. Покрај ова, хорот на МКЦ одржа концерти во катедрали во Варшава и во Згиерж, а настапи и на гала концертот во големата концертна сала на музичкиот универзитет „Фредерик Шопен“. Во последните три години, Женскиот младински хор, кој пред неколку дена настапи и во рамките на фестивалот Синедејс во Скопје, освои десетина први и специјални награди на меѓународни натпревари во Романија, Полска и Словачка.

ЕХО Фестивал на планински филм 2018

$
0
0

eho

Почитувани вљубеници во планинските спортови, планините и природата, Ви ја претставуваме програмата на овогодинешното ЕХО – најмоќно до сега! 2100 минути филм и 4 презентации - од претставници од 20 земји, пред нас ќе ги претстават своите искуства во широк спектар на активности и нивен начин на уживање во тоа што и ние самите толку го сакаме: алпинизам, скијање, екологија, велосипедизам, фотографија, параглајдерство, спелеологија... Авантура! Програмата како и до сега, поради својата обемност и разноликост, повторно во 3 кино сали: Милениум, Фросина и Џебно. И повторно – влезот е слободен! Целата програма погледнете ја овде. Ве покануваме да се дружиме, едуцираме и инспирираме – да ја славиме гласно нашата вљубеност во светот на природата! 20 НОЕМВРИ (Вторник) Кино ФРОСИНА 16:00 - „Елбрус“, Лорен Жаме, Франција, 2017, 70’ 17:08 - „Ничија земја - Експедиција на Антарктикот“, Матиас Маер, Австрија, 2018, 72’ 18:18 - „Високо во небото“, Џејсон Хекокс, Нов Зеланд, 2018, 43’ 19:15 - „Бескрајна светлина - приказни од северот“, Марко Трибелхорн – Траблхаус, Италија, 2018,15’ 19:30 - Презентација на АРИАНА ТРИКОМИ, Италија: „СВЕТСКИ ФРИРАЈД ШАМПИОН ЗА 2018“ 20:30 - Презентација на КШИШТОФ ВЈЕЛИЦКИ, Полска: „МОЈ ИЗБОР“ 22:00 - „Психо вертикала“, Џен Рендал, Велика Британија, 2017, 65’ ЏЕБНО кино 16:00 - „Женски патишта“, Дукас Сандра/Таранто Јуниор Франциско, Франција, 2017, 29’ 16:29 - „Есен - сезоната во долината“, Рус Вакрилов, Бугарија, 2017, 29’ 16:58 - „Зелен Еверест“, Жан-Мишел Жорда, Франција, 2017, 53’ 17:51 - „Последните ловци на мраз“, Јуре Брецељник/Рожле Брегар, Словенија, 2017, 71’ 21 НОЕМВРИ (Среда) Кино ФРОСИНА 16:00 - „Покрај морето“, Мајк Чек, Велика Британија, 2018, 47’ 16:47 - „Каде се ѕвездите“, Мухамад Асиф Ислам, САД, 2017, 4’ 16:51 - „Возење“, Флориан Алберт, Австрија, 2018, 5’ 16:56 - „Бегство“, Анџали Најар, Канада, 2018, 8’ 17:04 - „Аистан“, Кевин Ком, Италија, 2017, 8’ 17:12 - „Виакруксис“, Игнаси Лопез Фабрегас, Шпанија, 2018, 11’ 17:23 - „Кон себе“, Улф Вогенштајн, Германија, 2017, 12’ 17:35 - „Звук на тишината“, Филипе Вудли, Швајцарија, 2018, 12’ 17:47 - „Замрзнат пат“, Бен Пејџ, 25’ 18:25 - „Финале ’68“, Габриеле Кану, Италија, 2018, 66’ 19:31 - „Французот“, Мишел Смит, САД, 2018, 15’ 20:00 - Презентација на СИЛВО КАРО, Словенија: „40 ГОДИНИ АЛПИНИЗАМ“ 21:25 - „Парасол“, Јоханес Ајцетмилер/Јеб Хардвик, Австрија, 2018, 30’ 21:55 - „Повикот на мразот“, Бенјамин Сото Ферарис/Кристобал де Алба де ла Пења, Мексико, 2017, 30’ 22:25 - „Летање на 8000 метри“, Антоан Жирард/Жереми Шенал, Франција, 2017, 41’ ЏЕБНО кино 16:00 - „Поубаво од рајот“, Наталија Маханко/Леонид Мах, Русија, 2017, 63’ 17:03 - „Хансјорг Ауер, нема враќање назад“, Дамјано Левати, Италија, 2017, 30’ 17:33 - „Поместување на песокот“, Мет Пикрофт, Велика Британија, 2018, 11’ 17:44 - „Во сјајот на ѕвездите“, Мати Ле Ла, Франција, 2018, 53’ 22 НОЕМВРИ (Четврток) Кино ФРОСИНА 16:00 - „Тарфала“, Јоханес Остергард, Германија, 2016, 27’ 16:27 - „Земја од соништата“, Станислав Бербека, Полска, 2018, 85’ 18:15 - „Еволуција на соништата“, Карина Брунауер, Австрија, 2017, 27’ 18:43 - „По стапките на првите“, Маер, Австрија, 2017, 47’ 19:45 - Презентација на Алберто Шампликоти и Алберти Ости Гуераци, Италија: „НЕ САМО АЛПИТЕ“ 20:30 - „Ден долг 50 години“, Алберто Шампликоти, Италија, 2014, 30’ 21:15 - „Зависници од височина“, Павол Барабаш, Словачка, 2017, 65’ 22:18 - „Мама“, Војтек Козакиевич, Полска, 2017, 45’ ЏЕБНО Кино 16:00 - „Можеби“, Моника Новак, Словенија, 2017, 13’ 16:13 - „Жените се планини“, Рената Калмон, Бразил, 2018, 15’ 16:28 - „Златната линија во Вердон“, Штефан Фрич, Австрија, 2017, 18’ 16:46 - „Нахани“, Доминик Снаерс, Белгија, 2017, 54’ 17:40 - „Југен“, Доминик Снаерс, Белгија, 2017, 54’ 23 НОЕМВРИ (Петок) Кино ФРОСИНА 17:00 - „Сонот за Арио – Потрагата по најдлабоката пештера во Европа“, Пол Дифли, Велика Британија, 2017, 42’ 17:42 - „Ние сме роверите, Норвешка“, Антонин Мишо – Соре/Робин Монтро/Метју Минард, Франција, 2018, 25’ 18:07 - „Земја обликувана од жени“, Ане-Флоре Марксер, Франција, 2018, 26’ 18:45 - „Моментот“, Дарси Хенеси Турен, Канада, 2017, 74’ 20:00 ЦЕРЕМОНИЈА НА ЗАТВОРАЊЕ 20:45 - „Магнетни планини“, Стив Вејкфорд, Франција, 2017 ЏЕБНО Кино 16:00 - „СОС Бавариа“, Андреа Гобети/Фулвио Мариани, Швајцарија, 2017, 35’ 16:35 - „Тишина“, Бернардо Хименез, 2018, 17’ 16:52 - „На време“, Енди Мејсер, САД, 17’ 17:09 - „Кану“, Бенџамин Сад, Велика Британија, 2017, 53’ 18:02 - „Даулагири - искачување на белата планина“, Гијермо Глас/Кристијан Харбарук, Аргентина, 2017, 76’ ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН

Oд тела кон тело низ водени форми

$
0
0

ana l

21 Ноември / без официјално отвoрање / отворено за публика од 18 часот до 24 часот на 22 Ноември Јас сум ти, во друго тело. Форми има многу, но водата во нив е една и во сите е истата. Вода. Во пукнатините на забот на времето влегува и таму молчи на сите човечки јазици. И сѐ што низ неа минува – останува во неа. Изложбата „Тела од вода“ е интерактивна. Ако влезете во неа, станувате дел од неа. Две исти води, во две различни тела. Две различни отчукувања на срцата – одеднаш. Треба ли храброст да се чуе како на другиот му чука срцето? Во темната тишина на салата водата да се излее од својот сад и да стане – чиста вода. Концепт: Ана Лазаревска Соработници: Текст - Ѓоко Здравески Дизајн на постер - Елена Андреева Техничка изведба - Александар Ордев, Томи Димитриевски Визуализација на главната видео проекција - 0 kolor Монтажа на видео - Доријан Миловановиќ Поддршка - Мкц, Press to exit Project space, Министерство за култура, Логин, Diverse Film Production, Фрагмент комуникации, ПроМедија

„Човек-Бог“ –Изложба на Гоце Илиевски

$
0
0

Светлина-и-сенка-масло-на-платно-50х40см-2018

Гоце Илиевски е роден во 1988 година во Скопје. Дипломирал сликарство со насока Конзервација на Факултетот за Ликовни уметности, во класата на Жанета Вангели. Користејќи се со сликарските медиуми, главно маслото, го истражува влијанието на светлината врз мотивот, како и светлината како суштинска енергија. Таа тенденција се појавува низ урбаните мотиви, како и подоцна низ апстрахираните космички претстави и објекти како паралела на интроспективната енергија и бесконечен простор навнатре. Во изминатиов период има реализирано тринаесет самостојни и повеќе групни изложби. Од големо значење за ликовениот развој се и уметничките престои во Исланд, Германија, Полска и Литванија. Учествува на многубројни ликовни проекти, меѓу кои како поважно се издвојува учеството во филмот Loving Vincent, како сликар и аниматор. За проектот „Човек-Бог“ Проектот „Човек-Бог‘‘ е мултимедијален проект, синестезија од цртежи и кратка анимација на око што трепка. Човек-Бог е некој што е истовремено и човек и боженствен, или пак човек, кој е идол. За некого тоа е духовен учител, за некого јавна фигура или политичар, за некого тоа е дури и пријател. Може да биде некој што шири љубов и просветление, или човечки идол, кој ги користи луѓето за лични цели. Значењето на проектот е отворено за лична интерпретација. Сите ние сме различни и гледаме на нештата различно, во зависност од сопствената свест. На некое друго ниво, сите ние сме сепак исти. Самостојни изложби: 2018 – „Man-God“ – Ars Et Mundus – Каунас, Литванија 2016 - „Урбани пејсажи“ – Центар за Култура ,,Антон Панов‘‘ - Струмица 2015 – „Luna“ – Schloss Almoshof, Нирнберг, Германија 2014 –  „Dynamic“ - Културно-информативен центар - Скопје 2013 – „Ноќни сцени“ Тутунска банка - Скопје 2012 - „Jazz“ – City hall - Скопје 2012 - „Jazz“ – Кинотека на Македонија - Скопје 2012 - „Идентитет“ – Музеј куќа на Робевци - Охрид 2011 - „Голи“ – Дом на АРМ - Скопје 2011 - „YIN, yang“ - Кафе галерија 8 – Скопје

Д-Р НЕЛЕ КАРАЈЛИЌ

$
0
0

NELE

По 20 години легендата се враќа на сцена и доаѓа во Скопје со концерт за отворањето на јубилејниот ТАКСИРАТ #20 Д-р НЕЛЕ КАРАЈЛИЌ на 29 ноември, во МКЦ! Долгата пауза од сценските настапи ја прекина годинава со турнеја во Канада и САД, па следуваше и неодамнешниот, спектакуларен концерт во Белград, а оваа зима на наше огромно задоволство, му посакуваме добредојде и во Скопје со концерт за кој Неле вели дека е своевидно „патување низ времето“ на коешто тој го претставува „целокупниот Неле“ и оној од „Забрањено пушење“ и оној од бендот „No smoking orchestra“ и некои нови остварувања. Билетите од 19.10. на сите благајни на МкТикетс и онлајн. Претпродажба: 500 денари; На врата: 700 денари.

Така зборуваше Стефановски

$
0
0

goran-stefanovski

ЗА ОБРАТНОСТА Животот е невозможен без својата спротивност, без својата внатрешна парадоксална обратност, без инверзија. Хуморот е невозможен без разорниот обрт на крајот на вицот. Така се обновува животот. Фениксот се крева од пепелта. Сите диктатури грешат на оваа фундаментална точка. Го укинуваат хуморот и така го укинуваат крвотокот, го загрозуваат животниот процес, воведуваат некроза. Опасно е кога стеблото сака да го укине коренот, синот таткото, последицата причината. Сѐ што се потиснува само се подготвува за идна експлозија. Моќта која не може да ја издржи својата сопствена внатрешна спротивност е осудена на пропаст. Неопходно е да се чуе обратниот, внатрешен глас кој укорува, моралниот императив кој бара небесна рамнотежа во нашите земски потфати. Моќта без морален компас е погубна. Обратноста е природна како вољата за живот. Слободата мами во обратност. Во постојано преиспитување на границите. Животот е полн само ако во себе ја содржи својата негација. Вечноста има смисла само во однос на минливоста. Оној што заминува од дома, не заминува за да и сврти грб на татковината, туку затоа што смета дека ја носи домата во себе, дека таа е во него, дека е содржана во патувањето. Детото е плод на љубов, рожба која не ги исклучува родителите, туку ја претставува нивната трета страна, страната на животот. Децата природно се делат од родителите не за да ги напуштаат, туку за да ги потврдат, за да имаат свои деца. Детето органски расте контра родителите, ученикот контра учителите, младоста контра староста, пролетта контра зимата. Така се расте. Уметникот природно се конфронтира со својата култура, со својата традиција, со себе самиот. Сѐ е во постојано премерување и надминување. Во културен натпревар. Единственото нешто кое нема обратност е смртта. Само таа има сингуларност на црна дупка.

PIN Conference 2018

$
0
0

pin

ПИН, единствениот меѓународен собир на музичките професионалци кај нас, годинава со петто издание: од 29 ноември до 1 декември во МКЦ! Три дена во Скопје повторно сме домаќини на стотина значајни, актуелни гости и музички дејци од различни земји во Европа и ги ставаме во фокус темите поврзани со македонската и европската музичка сцена, музичката продукција, алтернативната култура, поврзаноста на музиката и политиката, авторските права, „направи сам“ пристапот, фестивалите, медиумите, трендовите од областа. Придружи ни се за да внесеме свежи идеи во македонската музичка и креативна индустрија, да ги здружиме сите засегнати страни, оние кои сакаат да бидат дел од неа и оние кои знаат како функционира оваа индустрија во меѓународни рамки, да помогнеме во размена на идеи и искуства, поврзување и соработка на луѓето кои својот животен повик го откриваат во музиката и уметноста. Теми, панели, гости и распоред: http://pinconference.mk/ БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ, со задолжителна претходна регистрација на: http://pinconference.mk/register/ Концертна програма / Showcase Festival: PIN concerts 2018

Една година Скопски Грув!

$
0
0

1.2

Една година откако му рековме „Здраво“ на Скопје од кејот на Вардар карши МКЦ. Една година од кога решивме активно да учествуваме во културниот живот во градот. Една година настани и случувања, труд и желба, забава и многу свртени плочи. Тргнувајќи од едноставна желба да си направиме добра журка, решивме дека треба да направиме повеќе од тоа, дека треба да работиме на создавање услови и поттик за слободно творење на локалните артисти, со цел заедно да внесеме нова, збогатена динамика на културата во Скопје. Покрај нашата активност, и досегашната низа на настани исполнети со разновидни соработки, изминатава година се појавија и други колективи, кои со слична цел, идеја и мисла, спонтано создадоа еден нов бран на сцената во Скопје. Па, еве нѐ сега во МКЦ, со дел од нив, спремни со повеќечасовна програма и порака за сплотеност, респект и заеднички грув ... [Пирка] Во разновидниот колектив за аудиовизуелна хармонија, Pirka.avh, се наоѓа и по некој поединец кој посебен акцент става на музичкиот аспект. Tebo Negett се динамично диџејско дуо од Скопје, кои аранжираат со широк спектар на електронска музика и зрачат со позитивни вибрации во голем радиус. Употребуваат свежи ритмови придружени со висока доза на енергија за да го одржуваат расположението на публиката. [Убли] “Oubli” претставува музички проект, кој има за цел да го збогати секојдневниот, монотон живот преку промовирање и пропагирање квалитетна и некомерцијална музика. Поттикнати од константниот “status quo” и недостатокот на можности, кои се пружаат на младите луѓе, а отворени и желни за соработка, колективот цели кон тоа да спои прогресивни луѓе, да шири позитивна енергија и да пружи простор во кој што секој ќе може слободно да се изразува и да биде тоа што е. [Техтум] “Techtum” е концепт на двајца другари за внесување свежина на забавите во Скопје. Идејата е да се разбие монотонијата, репетицијата и типот на локациите. Наоѓање на различни начини како да се издигне нивото на самите забави, фокусот е кон користење на разни покриви, но и несекојдневни места. Влез: 200 МКД
Viewing all 1499 articles
Browse latest View live