Quantcast
Channel: МКЦ
Viewing all 1499 articles
Browse latest View live

ATHEIST RAP ВО МКЦ

$
0
0

ATHEIST RAP

Кој беше на концертот на Atheist Rap во 2016 знае. Одличен концерт, фамилијарна атмосфера, за паметење. По концертот падна договор дека додека е МКЦ и додека е Atheist Rap official правиме т.н. скопско биенале, секоја парна година. 2018 не дозволивме да ни кидне, па за самиот крај на парната година, со огромно задоволство најавуваме концерт на ATHEIST RAP во МКЦ. Следен Atheist Rap концерт во МКЦ во 2020, секако, не го пропуштајте концертот во 2018 :) Карти по 300 денари само на Билетарница МКЦ или Online на bileti.mkc.mk. Секоја парна година е „Година културе“ ;) Се гледаме во МКЦ.

„Дедлајна, љубов моја!“ од Владимир Лукаш

$
0
0

lukas

Промоција на книгата „Дедлајна, љубов моја!“ од Владимир Лукаш „Кратката проза е моментна состојба што ѝ се случува на книжевноста. Не самo кaј нас, не во регионот, туку воопшто. Таа стана некаков нечуен, а гласен диктат на состојбите, на времето,.. творечка алина која навестува жанровски потоп, ама никогаш не го донесува. Поминува брзо како и што доаѓа, до наредното вриење и претекување на жанровите во одделни и различни книжевни формации. (...) Владимир Лукаш има редок осет за архитектура на нарацијата, за сензибилизација на прозната слика со ефекти на заматување, нијансирање, контрастирање или, најчесто, измолкнување од очекуваното, поништување на она што тргнало да се кажува. Се отвораат и се затвораат измислици како стари замаглени прозорчиња или како модерни, лизгачки стаклени површини, вперени секогаш во една иста желба: раскажувајќи да се бега (...)“. Оливера Ќорвезироска дел од текстот„СЛАТКО ОД ВРЕМЕ“ (за приказните на Владимир Лукаш, кои седеа на тротоари и чекаа некој да се сети на нив)

Изложба на Симона Манчева

$
0
0

симона манчева.

СОПСТВО Сопство е концептот што го имаме за себеси. Сопство е сѐ она што ја прави една личност. Декарт вели „Мислам, значи постојам“, додека Барбара Кругер вели „Купувам, значи постојам“. Овде е прикажано физичкото и мислечкото битие на човекот. Низ историјата човекот го менувал концептот за себеси. Умствениот капацитет на човекот е менувачки и минлив, исто како и телото. Сѐ до ренесансата сопственик на нашите тела се сметал Бог. Телото како убаво и добро, чиј сопственик е човекот, се појавило со деконструкцијата на групните идентитети, со порастот на индивидуализмот и слабеењето на црквата. Атрибуираниот, субјективниот и оптативниот идентитет се „зависни“ од телото, од биолошкиот идентитет. Од самото раѓање (пол), па низ целиот живот (здравствена состојба, возраст) ние се бориме со ограничувања за тоа каде, како (ни доликува) треба да се однесуваме. Изворот на нашите ставови и задоволства пред сѐ е ментален или телесен? Телото е наш понекогаш верен, понекогаш палав, а понекогаш предавнички настроен придружник. Моите уметнички интереси се базираат на согледување на фиктивната реалност и уште пофиктивниот морал во општествата. Преку своите истражувања се обидувам да ги прикажам и разнишам нашите стегнати предрасуди и стереотипи, кои ги зајакнуваат границите на нашата слобода, истовремено и да се развие свесноста на луѓето за остварување на своите права и задоволување на своите потреби. Родовата дискриминација, наследените стереотипи, родовиот, сексуалниот идентитет, социјално маргинализираните групи, различноста и варијациите на човекот и неговото тело се цел на моите истражувања каде што разбирањето на сите контрадикции и стереотипи како уметник и улогата на уметноста да се интервенираат и да се преиспитаат овие општествени конструкти. Самостојни изложби: 2018 - Рециклиран материјал, (заедно со Марија Дичова) Ц.К. „Марко Цепенков“ – Прилеп 2017 - Идеализирање, Музеј- Галерија Кавадарци, Македонија. 2016 - Црвено Небо, Мобилна/ Монтажна галерија ЦАЦ , Скопје, Македонија. 2015 - Секс Шоп, Отворено Графичко Студио- Музеј на Град Скопје, Скопје, Македонија - Црвено Небо, ЦАЦ Мобилна/ Монтажна галерија, Кавадарци, Македонија. - Тик-Так, Музеј-Галерија Кавадарци, Македонија. 2013 - Спинтрии, самостојна изложба во Музеј-Галерија Кавадарци, Македонија - Автопортрет, (заедно со Сања Темелкова) во Ликовен салон, Народен Музеј Велес, Македонија

„СОНОТ НА ОБЛАЧЕТО“

$
0
0

Сонот-на-облачето-постер

6-ти интернационален детски фестивал на театар на сенки 17 ДЕКЕМВРИ 19:30 Сцена Фросина; цена 150 ден. КРАЛОТ ЖАБА И ДРУГИ ЉУБОВНИ ПРИКАЗНИ Anna Fabulli - Германија 40 мин. / 3+ год. “Дали некогаш си бакнала жаба? Жаба?! Бљак! Попрво би бакнала глушец отколку жаба! Глушец?! Хмм… “ А вие кој би бакнале?   18 ДЕКЕМВРИ 19:30 Сцена Фросина; цена 150 ден. АЛИСА И ЧУДАТА  Театар “Сенки и oблаци” 35 мин. / 6+ год. Зарем се случуваат толку многу нешта, а ништо не се менува? Бркотници, дупки, збунки, сирени, кули од карти и стрелки… И тоа сѐ во исто време! Пред малку беше точно 6 часот. А сега колку е? Повторно 6. Засекогаш 6… 19 ДЕКЕМВРИ 18:05 Сцена Фросина; цена 100 ден. СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА Студио “Абстракт” 25 мин. / 3+ год. Секој ја знае приказната за Снежана и седумте џуџиња, но никој не знае како танцуваат тие! Танцова претстава со сенки од тела. 19:30 Сцена Фросина; цена: 150 ден. ПТИЦИ Marie Donath - Грција 40 мин. / 6+ год. / англиски Дали сте подготвени да избегате од гужвите и бучавата во градот? Една жена со нејзиниот куфер полн светлина и сенки, со јато птици ќе ве поведат на патување во светот на Аристофан. *Билети во продажба на билетарницата на МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk

„НЕКОЈ БИЛ ТУКА“

$
0
0

Nekoj bil tuka

Промоција на романот „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова За книгата ќе зборува Душко Крстевски, а извадоци ќе читаат авторката и Ненад Јолдески. Рекоа за книгата: „’Некој бил тука’ е психолошки убедлив и вознемирувачки длабок роман; го лови моментот кога болката станува лудило и смрт. Обеспокојувачка драма раскажана на зачудувачки поетичен и смирен начин“ - Никола Гелевски „‘Некој бил тука’ е тешка приказна за загубата, за болката, за распаѓањето на едно семејство.(...) Роман кој е толку добро напишан што не треба да се плашите од неговата „страшна“ тема. Во него нема ни ронка сензационализам и маркетиншко калкулантство за освојување што поголем број читатели, нема пози и трендовско атакување на конкретна публика (...) ‘Некој бил тука’ е вистинска книжевност. Длабока и суштинска, исповрзана и заокружена на сите нивоа. Со видлива филмска монтажа.“ - Оливера Ќорверзироска „Релативно едноставниот јазичен израз претставува само игра и привид за лесно влегување во неговиот лавиринт, иако романот и поради привидната леснотија и поради обемот може да се исчита за релативно кратко време. (...) А токму во тоа се крие и клучот на естетското уживање во овој роман: сложените работи да се спакуваат во едноставен дискурс, а реалниот хронотоп да иницира мистерија.“ - Маја Апостолоска Извадок од романот може да прочитате на овој линк: https://okno.mk/node/73023 * * * Николина Андова Шопова е родена 1978 година во Скопје. Дипломира на Катедрата за македонска и јужнословенска книжевност на филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Нејзината прва поетска книга „Влезот е од другата страна“ (2013, Темплум) ја доби наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга што ја доделуваат фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ и УНЕСКО. Книгата потоа е публикувана и на англиски јазик. Во 2014 година ја издава втората поетска збирка „Поврзи ги точките“ (Темплум), која е објавена и на српски јазик. Во 2016 година излегува тријазичен избор од нејзината поезија на англиски, македонски и француски, во издание на Éditions Bruno Doucey. Нејзини песни се преведени на десетина светски јазици. Застапена е во повеќе антологии на македонската поезија. Освен поезија, пишува и раскази, песни и сликовници за деца. „Некој бил тука“ е прв нејзин роман.

Месечиново –куклена претстава

$
0
0

mesecinovo

Добредојдовте во нашето Месечиново – магично место што толку било блиску до месечината, та сончко драг решил да си тера друг пат. Месечиново е другата страна на темнината, царствотото каде што живеат суштества сенекакви и разни од фантазии не празни. Страшни, а бестрашни, мали и големи, нашите ноќноноќиа во сплетки ги плеткаат: вештерки, самовили, џинови, џуџиња, караконџули, вампири, сенки, бувови... А најчудесни од сите се оние друѓе, слични на вас луѓе, како и неколку видови друготни, не толку лични како животни. Месечината е нашата заштитничка, а Царица Милица – создадена од сребрен прав и сончев зрак – сите нè варди од безмилосен мрак. Во крилјата на Влечко, мајсторот на буварењето, расте малиот Ѕвечко, а неговата Сенка со магични сказни го топи во слатка дремка. Само Мачорот со својата мудрост и гатачки моќи, од сончевиот град е дојден во овие бескрајни ноќи. Но, драга публико наша, сè ќе се претвори во каша кога Кошмора – тој страв што во пештера живее – ќе почне да дивее... Останете со нас и бидете храбри, оти стравот ќе се надигра кога љубовта ќе заигра. Месечиново е претстава што обединува куклен, физички и театар на сенки. Режија и текст: Колектив Ветерница. Улоги: Марија Бејкова - Царица Милица и Темтелија Ивана Нелковска - Ѕвечко Билјана Митева - Сенка Билјана Димитрова - Мачорот Милош Стојановиќ - Влечко и Кошмора Куклар: Бруно Толиќ Kостимографија: Рената Димчов Сценографија: Велимир Жерновски Реквизита: Сања Симоска Избор на музика: Ѓорѓи Јаневски Дизајн: Ангела Маневска Анимација: Вања Шереметкоски МКЦ Кино Фросина Билет: 150 ден. Резервации на тел. 02 311 52 25 или bileti@mkc.mk

Bernays Propaganda –слушачка промоција

$
0
0

bernays-press

На 19 декември во Апотека во Младински културен центар од 12:00 до 13:00 Bernays Propaganda ќе се дружат со публиката и новинарите и додека се слуша новото EP, НИШТО НЕМА ДА НЀ РАЗДЕЛИ ќе одговараат на прашања, кои секој може да ги постави. Презентер на промоцијата ќе биде Филиповски Тошо, авторот на Македонската рок енциклопедија. НИШТО НЕМА ДА НЀ РАЗДЕЛИ ќе излезе на 12 декември за: Moonlee RecordsGeenger RecordsPop Depression // Pop Depresija и Balkan Veliki Балкан Велики. Има 3 песни снимени во Studio 1060 со новата постава, која покрај Кристина Горовска, Васко Атанасоски и Дени Крстев е засилена со Раде Јордановски и Кристијан Лафазановски, а како гости се појавуваат Тони Китановски и mike watt. Ова е најава за новиот албум, ВТОРА МЛАДОСТ, ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА!!!

ОДРОН

$
0
0

Dtj_sgkXcAAkMZd

Едно од најпријатните изненадувања и секако најквалитетни македонски албуми оваа година, секако е ОДРОН на младите џез господа Букршлиев, Омерагиќ и Спировски. 3-тото издание на PMG Jazz веќе доживеа слушачка промоција, а може и бесплатно да се спушти тука: http://www.pmgrecordings.com/pmgjazz.php?id=169 А СЕГА Е ВРЕМЕ ЗА НАЈВОЗБУДЛИВИОТ ДЕЛ ОД ПРОМОЦИЈАТА НА ОВОЈ ИЗВОНРЕДЕН АЛБУМ >>> КОНЦЕРТ Фантастична можност да ги послушаме овие прекрасни ентузијасти и музичари и уживаме во нивната музика лице в лице. Ок и ушите ќе играат огромна улога :)))))) НЕ ПРОПУШТАЈТЕ Џебно кино МКЦ располага со ОГРАНИЧЕН БРОЈ седишта и совршено интимна атмосфера.

ТТ ФЕСТИВАЛ

$
0
0

image

TT Фестивал 23/12/18 - Младински Културен Центар Почеток: 19:00h Настапуваат: • FictionThe PlanktonsИлузијА (Accoustic) • Leonard (Balkan Veliki Балкан Велики) • TV Rage (Accoustic) Сите средства собрани од фестивалот ќе бидат наменети за Autism Macedonia-Blue Firefly - oрганизација која се грижи за дечиња со аутизам. Влез: 100 денари Почеток: 20:00h Концертот е посветен на Тамара Тодороска и на сите останати невини жртви во сообраќајот. “ПЕШАЧКИОТ ПРЕМИН Е ЗА СЛОБОДНО МИНУВАЊЕ, НЕ ЗА СМРТ!”

„Не одам никаде“ од Румена Бужаровска

$
0
0

rumena

Петок, 14 декември 20.30 часот Кино Фросина, МКЦ Повелете на промоција на најновата збирка раскази на Румена Бужаровска „Не одам никаде“ во издание на Или-Или. Промоторки: Ирена Цветковиќ и Магдалена Хорват По промоцијата следи потпишување на книгата и забава во фоајето со диџеј сет на Ненад Тонкин Румена Бужаровска (1981, Скопје) е авторка на збирките раскази Чкртки (2007), Осмица (2010) и Мојот маж (2014), книгичката мали фикции Спиј (2017), како и студија за хуморот во книжевноста За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот (2012). Се занимава со книжевен превод од англиски на македонски (Луис Керол, Џ.М. Куци, Труман Капоти, Ричард Гвин, Чарлс Буковски). Во 2016 година беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа (Ten New Voices of Europe) во рамките на платформата Literary Europe Live. Добитничка е на хрватската регионална награда за кратка проза „Едо Будиша“. Во 2018 година беше стипендистка на Меѓународната програма за писатели при Универзитетот во Ајова. Таа е една од организаторките и иницијаторките на ПичПрич – платформа за раскажување женски приказни. Предава американска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје.

Додека не беше тука –Симонида Филипова Китановска

$
0
0

simonida

ДОДЕКА НЕ БЕШЕ ТУКА - самостојна изложба на Симонида Филипова Китановска На отворањето: Ахмед Буриќ - поезија Тони и пријатели - музика Песни што молчат и слики што ги зборуваат Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија за неа, односно приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив. Постојат милиони причини за ова, а основната веројатно е тоа што секоја уметност,ако е валидна, поседува метафизички елементи. Или е втемелена во нешто безвременско, нешто што доаѓа од другата страна и оттаму е неоценливо. Често и неизговорливо: најдобриот дел од некои значајни достигнувања често се необјасниви, и без оглед на развојот на теоријата и на алатките за создавање, ние сѐ уште се потпираме на инстинкт, импулсот што нè води кон нешто што не можеме целосно да го сфатиме, но нè приближува до она што е наша внатрешност. Откривањето на надворешниот свет помага во откривањето на себеси, и се чини дека не постојат поблиски човечки активности од желбата за знаење, сеедно дали се работи за детска љубопитност или сериозно структурирана научна или уметничка дисциплина, и - интроспекцијата. Веројатно би било препотентно ако сега го цитираме Чехов, или Достоевски, кои во некои свои размислувања велат дека сѐ што знаат за светот научиле од самите себеси. Но, секое сознание за светот, сепак, почива на еден единствен пример. Како што не е доволно само да се има разум за да се делува рационално, во овој конкретен случај се чини „попаметно“ да се тргне по „несигурна“ патека. Поетот од островот Keoс, кој живеел од 556 п.н.е., имал долг живот и умрел на Сицилија на возраст од 88 години, според културната историја, ги напишал најубавите лирски песни, затоа што корската поезијата ја лишил од приврзаноста кон култот и ги вовел „профаните“ книжевни родови. Плиниј му ја припишува заслугата за збогатување на грчкото писмо со четири нови букви. Но, она по што се чини ќе остане засекогаш запаметен е неговата мисла дека „сликарството е поезија што молчи, и дека поезијата е слика што зборува“. Токму тоа беше првата асоцијација на големите платна на Симонида Филипова Китановска, насликани со туш, акрилна боја и мешавина на пигменти. Значи, длабочината, латентноста на порака и чувството за светот сублимирани во насловот – „While you were gone“. Најслободниот превод на ова ќе биде „Додека не беше тука“, но ова толкување не може да најде безбедно „упориште“. Тоа не треба ни да се бара од него, бидејќи се чини дека заминувањето е една од најзнаменитите константи на човековото постоење, па дури и на уметничката дејност: долгогодишен престој на концепт или идеја во уметничкиот корпус на авторот (во овој случај на авторката), никогаш не се реализира целосно според првобитната замисла. Можеби токму во ова се крие ембрионот на непоимливото, но јасно е дека некои мотиви непречено егзистираат: континуитетот на работата на добро познат и препознатлив акварелист со овој циклус наведува на несовпаѓање со она што сме навикнати да го видиме, но некои работи изгледаат познати. Веројатно, затоа што тие се вечни: диптихот создаден од големо синило, кој може да се нарече „D Wave“, може да нè доведе до портата на перцепцијата, која пак ненадејно нè води кон условно кажано - изворите на културата на Западниот, Новиот свет. Но, во него чувствуваме и потполно предавање кон сликата, исчезнување во неа, толку карактеристично за источното поимање на светот. Така е и со сликите, кои јас, следејќи го поривот и заради полесно помнење, ги нареков „Happy Black“, „Little Big Band“ или „When Dragon Comes to Rest“. Зборовите, сепак, се само имиња за нештата, и невозможно е да ги изразат сите нивоа што ги поседува сликата. Би бил банален секој обид да се „затвори“ некоја слика само во просторот во кој зборовите се обидуваат ја оградат. Но, во тоа, веројатно, е и предизвикот. Колку повеќе ги гледате и замислувате овие слики, тие сѐ повеќе се во вас и ви отвораат некои нови видици: ова треба да е оригиналната „задача“ на уметноста, иако, како што знаеме, таа нема задача. Нејзината единствена мисија е слободата, односно ослободување. Во она што го ослободила Симонида Филипова Китановска, од себе и за нас, постојат знаци што можеме да ги читаме на безброј различни начини, но можеме и едноставно да им се препуштиме на сликите, или на целата изложба не обидувајќи се да го разбереме она што на самиот почеток рековме дека е невозможно. „Додека не беше тука“ може да биде длабоко интимно, трагично чуство за светот и за нешто што некогаш се случило. Може да биде заминување на некоја епоха. Или почеток на нова. Ако се навратиме кон она дека убавината е во окото на оној што гледа, повторно ќе се вратиме на почеток, во точката од која сѐ започна - секое заминување е нешто во коешто е запишано враќањето. Тоа исто така може да биде враќање кон апстракцијата, но секако е синтеза во која разбирањето на самиот себеси е апсолутен предуслов за нешто воопшто да може да се изрази и прикаже.Оваа приказна ви остана должна една работа: името на поетот, кој на светот му ја оставикорелацијата помеѓу песната што молчи и сликата што зборува. Неговото име беше Симонид, и тоа што е имењак на уметничката може да нѐ потсети дека името е знак. Секако и на фактот дека работите што ги препознаваме не мора да имаат име. Доволно е што во нас тие раѓаат копнеж кон универзалното. Што секако е случај и со овие големи формати во овој фрагментиран и иситнет свет. Овој текст не е пофалница. Не е напишан само за да се напише. Исто е и со сликањето: ова се слики што уметничката ги насликала затоа што морала. Пишуваме или сликаме затоа што сакаме нешто да кажеме. Останатото е тишина. Или љубов. Ахмед Буриќ

„Дедикар Икарал“ од Ѓоко Здравески

$
0
0

gjoko zdraveski

Централната идеја на книгата е содржана токму во неологизмот на Горан Стефановски, кој од двајцата митски ликови Дедал и Икар прави еден, Дедикар Икарал, кој се родил со крило на левата рака и со ѓуле на десната нога. Практично, во овој неологизам е содржана целата метафора за лирскиот субјект, кој стреми кон височините, но поради својата телесност не може да се одвои од земјата (угоре небо / удолу тело). Ѓоко Здравески е роден во 1985 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Осум години работел како лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Ниш. Соработува со електронското списание Блесок (www.blesok.mk) како уредник за поезија и со електронскиот месечник за култура и уметност Репер (www.reper.net.mk). Од јуни 2014 година, заедно со Ана Голејшка, ги организира книжевните вечери Астални проекции, кои се случуваат секој прв вторник во месецот во кафето Менада. Пишува поезија, кратка проза и есеи. Има објавено четири книги поезија на македонски: Палиндром содве н (2010), куќичка за птици-преселници (2013), љубавина (2016) и дедикар икарал (2017). Заедно со уште неколку поети од Србија и од Македонија ја има објавено книгата Торту кроз прозор (поезија, 2010). Неговите стихови се објавени во неколку антологии на младата поезија: Ван кутије, антологија нове поезије ЈУ-простора, (2009), Нов македонски хаику-бран (2011), Ветерот носи убаво време, антологија на најмладата македонска поезија и проза (2012), Лирски додекамерон, антологија на младата македонска поезија (2012). Преведуван е на десетина европски јазици и учествувал на десетина европски фестивали за поезија. Од 2015 година е дел од платформата Версополис, каде што поезијата му е објавена во три книги: house for migratory birds(англиски/ македонски), zadnji avtobus skopje – niš (словенечки/ англиски/ македонски) и ciało pamięta wszystko(полски/ англиски/ македонски). Преведува поезија, проза и есеи од српски, хрватски, босански, но и од македонски на српски. Објавени преводи: • Коса насекаде. Скопје: Темплум, 2016 (роман, превод од хрватски); • Biber 01. Beograd/Sarajevo: Centar za nenasilnu akciju, 2016 (проза, превод српски/хрватски/босански, група преведувачи); • Пишувачот. (прир. Весна Мојсова-Чепишевска). Скопје: Македонска реч, 2012 (проза, превод од српски, група преведувачи); • Tortu kroz prozor. Niš: 2010 (поезија, превод од македонски на српски); • 12. жени. гласови. (прир. Весна Мојсова-Чепишевска). Скопје: Македонска реч, 2008 (проза, превод од српски, група преведувачи).

Вечер на балтичката литература

$
0
0

balticka literatura

Издавачката куќа „Готен“ ве поканува на Вечер на балтичката литература – промоција на романот „Јелгава ’94“ од летонскиот писател Јанис Јоневс, и промоција на збирката раскази „Стакларница“ од полскиот писател Даниел Одија. Разговорот со авторите и промоцијата на книгите ќе се одржи во галеријата на Младинскиот културен центар, на 20 декември (четврток), со почеток во 20 часот. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски. „Стакларница“ од Даниел Одија и „Јелгава ’94“ од Јанис Јоневс се дел од двогодишниот проект на издавачката куќа „Готен“ насловен „Балтикот вирално преку литературата на Балканот“, проект кој опфаќа превод на 10 книги од еден од најмалку претставените региони од Европската Унија во Република Македонија. Станува збор за две одлични книги од автори кои се едни од најинтересните книжевни гласови на полската и на летонската книжевност од поновата генерација. Во „Стакларница“, Одија главно пишува за проблемите на младите луѓе од општествените маргини додека се борат со недостиг на работа и животни перспективи. Со користење специфичен јазик, сленг, необични идиоми, авторот создава галерија ликови кои често се изгубени, исклучени од пософистицираните општествени текови, приудени да се борат за својата основна егзистенција. За овие луѓе светот е еден вид опасна џунгла, каде што животот постојано е под некој вид закана. Преводот на книгата од полски јазик е на Филип Димевски. „Јелгава ’94“ е култен роман за историјата на летонскиот метал од средината на 90-тите години. За овој роман, македонскиот писател Бранко Прља вели: „Но, ова не е само книга за металци или за тие кои се заинтересирани за историјата на музиката туку и за секој што се интересира за една автентична, едноставна, непретенциозна и духовита приказна сместена во една постсоцијалистичка земја. За нејзината универзална вредност зборува и тоа дека по објавувањето книгата станала национален бестселер, ги добила наградите за дебитант на годината во Летонија и Европската награда за литература за 2014 година. Јанис Јоневс е вистински раскажувач! Дијалозите се мајсторски изведени, лесни и интересни и без сомнение ќе ве вовлечат во светот на авторот.“ Преводот на романот од англиски на македонски јазик е на Владимир Јанковски. Објавувањето и промоцијата на книгите „Стакларница“ и „Јелгава ’94“ се поддржани од програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Новогодишен концерт |Градски дувачки оркестар

$
0
0

GDO

Новогодишен концерт на Градски дувачки оркестар 26 декември | сала Фросина | влез СЛОБОДЕН Оркестарот ќе настапи со комплетно новиот, освежен репертоар на кој се наoѓаат големите хитови од популарни рок/поп изведувачи како Queen, Eurythmics, АВВА, Europe, Idoli.. Се гледаме

2xLP/VINYL –Приказната за ПМГ рекордингс 1998-2018

$
0
0

2xlp

ЗАВРШНАТА ПРИРЕДБА по повод јубилејната 20-та година работа на ПМГ Рекордингс. Влезот е бесплатен, а ќе функционира по принципот invites only. Централен настан е појавувањето/промоција на НАЈНОВОТО ВИНИЛНО ИЗДАНИЕ на лејблот, двојна плоча, со најрелевантните песни-мигови од разни артисти, кои не само што ја одбележaа историјата на ПМГ Рекордингс, туку ја вцртаа и современата македонска музичка и културна пракса. Без лажна скромност, ова е историска плоча на која се обединети најквалитетните имиња од последните 20 години (види подолу за целосен список). Вистински MUST HAVE!!! Двојниот винил ќе можете да го набавите на овој настан по промотивна цена од 1500 ден. За секој купен винил следи специјален подарок од нашата приватна крафт пивара :) Пригодната програма ќе биде сосем во духот на нашиот лејбл. Мал концерт на Кантон6 во нивната најнова техно-џез обладна, со гостување на господинот Владан Дробицки (Сетстат) на тромбон. Младиот електронски состав Барум Барум ќе настапиисто така во живо, а програмата ќе ја заокружи Дарко Јорданов, ПМГ диџеј-ветеран. Настанот ќе се одржи во фоајето НАД киното Фросина, на просторот со балкон. Еве ја целосната листа на бендови и песни, кои ќе се најдат на компилацијата Thee Story of PMG Recordings 1998 - 2018 A side 01 The John - Nie Sme od Skopje 02 PMG Kolektiv - Kontrol 03 Mr. Brown - Mr.Brown vs Devil 04 Aleksandar Veliki - Ploči 05 Bei the Fish - Living in a Box B side 01 Mooger Fooger - Oki Trash 02 Bernays Propaganda - Bezbedno Levo 03 Millko - Sredba 04 Muhamed Ibrahimi - Fly 05 Conquering Lion - Blind 06 Lokalen Partiot - Gomno na Ploštad C side 01 Robotek - Loop the Time 02 KantoN6 - TV Dnevnik 03 Special People Club - Lica vo Ogledalo 04 Marija Kaeva - Zdravo te Sakam 05 Duško Janevski - Mind Over Matter D side 01 Aleksandar Pejovski - Leftover 1 feat.Tina Gorovska 02 Sethstat, Nikola Kodjabašija, Mirko Popov - Krugovi 03 Galathaia - Deset 04 Mirko Popov Quartet - Solo 05 Pikolomini - Avioni

CreArt ОТВОРЕН ПОВИК

$
0
0

liverpool

Нов отворен повик во рамки на проектот CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво) во рамки на програмата на Европската Комисија „Креатива Европа“. Станува збор за artist in residence во Ливерпул.

Детска работилница за звук

$
0
0

rabotilnica za zvuk

МУЗИЧКА КУТИЈА Во музичка кутија ќе се изработуваат разни форми на текстури за плочи(vinyl) изработени од картон кои имаат намера да го истражуваат и произведуват звукот (резонанца) како и многуте материјали адаптирани за произведување на звук преку технички аудиски помагала. Нашата намера да ги озвучиме предметите со алатки кои ќе ни помогнат да произведеме звук, како што е пиезо, коj работи на допир и вибрација. Ќе создадеме звучна инсталација од разни материјали како што се картони, гитарски жици, текстурирани фолии, лим, пвц конци, даски, палети, грамафони и многу др. материјали. На почетокот ќе има мала презентација за објаснување како работи пиезото и како произведува звук, кратко објаснување и примери што точно ќе се изведува. Секое дете ќе има можност да создаде своја плоча од картон и текстури користејки разни материјали за произведување на звукот. • Сабота 22.12.2018 11ч. • Времетраење: 2 часа • Возраст 6+ Ментори: Александар Ордев, ликовен педагог,аудио-визуелен уметник, Андреј Блажевски, музички теоретичар, сонолог, Доротеј Нешовски – мултидисциплинарен уметник Работилницата е подржана од Министерство за Култура на Р.М и е дел од програмата ИНТЕРАКТИВНИ РАЗГОВОРИ Интерактивни разговори се серија на детски работилници, мултидисциплинарен проект кои експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи, социјални дизајнери, ликовни уметници, музиколози, 3Д аниматори-моделатори, архитекти, фотографи и пермакултурен дизајнер за реализација на дадените концепции, наменети за детски едукации во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Со намера да комуницира и создава разговори во креативниот процес.

Детска работилница за фотографија- camera obscura

$
0
0

Camera obscura

Детска работилница за фотографија, темната соба (лат. camera obscura).  Ментори: Слободан Петровски, Ема Силјанoска, Доротеј Нешовски - мулти дисциплинарни уметници Оптичките појави отсекогаш постоеле, но биле толкувани на различни начини, светлината како природна појава. Некои светлосни феномени се пратени со очите на набљудувач, односно со непосредно набљудување, но тоа не било секогаш можно. Работилница за темната соба (лат. camera obscura). КИБРИДОГРАФИЈА Нашата интенција во ова работилница да изработуваме мали објекти кои ги крстивме кибрографија кои имаат намера да докуметираат одредени визуелни графички доживувања, преку техниката камера опскура. Camera obscura - kамера опскура е оптичка направа која порано се користела како помагало за цртање, а исто така претставува пронајдок кој допринесе за откривање на фотографијата. Денешните фотоапарати понекогаш се викаат камери баш поради сличноста со оваа направа. На почетокот ќе направиме една мала презентација како ќе го изработиме кибридо објектот. За изработка на објектот ќе ни се потребни разни материјали: картони, ножици, четки, црна боја,изолир лента, аналогни филмови,фотохартија. Прв процес- изработка на кибро објект Втор процес- визуелно документирање со кибро објект Трет процес - фотографирање со аналоген апарат Работилницата е бесплатна возраст 6+ Програма : Пречек 15:00-15:15 Вовед за изработка на camera obscura 15:15-15:25 Изработка 15:25-16:00 Кратка пауза за освежување со сок 16:00-16:10 Фотографирање со кибро објектот на дадена тема 16:10-16:40 Фотографирање со аналоген апарат на дадена тема 16:40-17:00 Заминување 17:00 Работилницата е подржана од Министерство за Култура на Р.М и е дел од програмата ИНТЕРАКТИВНИ РАЗГОВОРИ Интерактивни разговори се серија на детски работилници, мултидисциплинарен проект кои експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи, социјални дизајнери, ликовни уметници, музиколози, 3Д аниматори-моделатори, архитекти, фотографи и пермакултурен дизајнер за реализација на дадените концепции, наменети за детски едукации во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази. Со намера да комуницира и создава разговори во креативниот процес.

Hardfaced – 15 години

$
0
0

hardfaced

Го најавуваме концертот на Hardfaced на 16.2.2019. ПОВЕЌЕ ИНФО НАСКОРО

RIB –промоција на нов албум

$
0
0

rib

Неуморното трио го најавува третиот студиски албум, насловен едноставно RIB.
Сниман од страна на Ален Хаџи-Стефанов, миксот, продукцијата и мастерингот е дело на Ben "Faz" Farestvedt од Англија.
Албумот ќе биде издаден на плоча и во дигитална форма, концертната промоција ја закажуваме за 26 јануари 2019 во МКЦ Скопје.
RIB се:
Јане Трајковски - гитара
Ивица Димитриевиќ - гитара и бас
Џано Куч - тапани
Цена на билети по цена од 200 денари во продажба на Билетарница МКЦ и online преку bileti.mkc.mk.
На ден на концерт, цена на билет ќе изнесува 300 денари.
Годината нека почне.
Viewing all 1499 articles
Browse latest View live