Quantcast
Channel: МКЦ
Viewing all 1499 articles
Browse latest View live

ЦРНИЛА РЕМИКС


DrumClinic #1

$
0
0

drum talks

Гоце Стевковски/ Дино Милосављевиќ/ Михаил Парушев

Skopje Drum Talks Ви ја претставува првата Drum клиника!Ја имаме честа да ни презентираат:

Гоце Стевковски низ годините се филтрира како еден од најистакнатите македонски тапанари и перкусионисти во Македонија. Запаметен по соработката со Кирил Џајковски, Леб и сол, Архангел, Ласт експедишн, Проект жлуст, ДНО, Коџабашија, Фолтин, Бодан Арсовски и Езгија оркестра, Шаревски Квартет, Зоран Маџиров и останатите, Стевковски во 2013 година се издигнува на повисоко ниво компонирајќи го својот деби албум насловен 7 Stories заедно со повеќе етаблирани македонски музичари во проектот едноставно именуван Гоце Стевковски Септет. Инаку Стевковски досега учествувал на голем број интернационални фесивали како што се Егзит, Пиво фест во Белград, Грин фест во Индија, Загреб, Умбрија Џез Белград, Клузоне џез фестивал Италија, Париз - Франција и други фестивали низ Европа, настапи во Опера хаус Канада, има соработувано на голем број проекти и работилници, театарски претстави и музика за филмови.

Дино Милосављевиќ e роден во Скопје 1974 и е активен самоук тапанар на македонската музичка сцена од раните 90-ти. Тој е дел од Влатко Стефановски Трио со кое има настапувано низ Европа, САД и Канада. Дино има соработувано со врвни и познати артисти како Калиопи, Кирил Џајковски, Стефан Миленковиќ, Теодоси Спасов, Јан Акерман, Анастасија, Мугер Фугер, Стен Скиби, Раде Шербеџија, Бајага, Зоран Предин, Џибони, Владимир Василевски – Четкар, Ласт екпедишн, Каролина Гочева, Меморија и Суперхикс, Sethstat, Kabadayas, Beneventan trio и Alsar Kodjabasija.

Михаил Парушев е композитор и свири перкусиони инструменти. Роден е во Скопје во 1976 година во семејство на музичари. Сега е член на меѓународно признат музички бенд „Леб и сол“. Во 1990 година е прогласен за најдобар тапанар на Скопскиот рок фестивал. Истата година се запишува во музичката школа „Илија Николовски Луј“ за да ги проучи класичните перкусиони инструменти. Михаил Парушев завршил Класична музичка на Факулетот за музички уметности во Скопје. Тој сега компонира своја музика. Почнувајќи од 1989 година до денес, тој работи во светот со многу меѓународни професионалци. Дискографија: SETH - SETH MAKE SENCE, ARHANGEL arhangel II , V.ST.Trio , Vladimir Maras band - pod kamenom Pangea, Vladimir Marash band - 10/8. Михаил до сега има остварено илјадници соработки со врвни музичари и бендови како: Oktavijan, SETH, Alsar Kodjabasija, Влатко Стефановски Трио , Project Zlust, String Forces, BLLA BLLA BLLA, D.N.O, Vladimir Marash – Pod kamenom, Vladimir Marash band -10/8 , Pangea Igor Bezget Big Band,Global community - Sound Unity ,Pangea - the free world, Valerija Nikolovska Band, Joe & Maya Collectiff , Bryan Bettie, Wei Tan, Nantha Kumar , Oliver von Essen , Gyan Singh, Traja Brizani , Bata Bozanic , Reggie Workman , Matija Dedic, Sharad Srivastva , Ivan Bejkov, Gjoko Grujevski ,Dzijan Emin. По секоја презентација на горенаведените тапанари, ќе бидат дозволени прашања од публиката за техниките и вежбите што ќе ги презентираат. 13.03.2019 Локација: МКЦ Фросина Почеток: 18:30 Влез: бесплатен Ве замолуваме да дојдете на време :) Огромна благодарност до Omowsky, Do Re Mi, Gradient и Младински Културен Центар.  

EDO MAAJKA & BAND

$
0
0

edo maajka

Един Осмиќ попознат по неговото сценско име Edo Maajka е босански рапер, продуцент и текстописец. Неговата популарност ја донесe неговата група - Дисциплинска комисија. http://www.edomaajka.com/ Уметници што имаат влијание врз него: Rambo Amadeus, TBF, Safet Isović, Miladin Šobić, Azra, Zabranjeno Pušenje, Disciplina Kičme, Atomsko Sklonište, Majke, Rupa u Zidu... Неговата техника на рап се опишува како совршен flow, исто така и неговите разновидни теми, поврзувајќи се со публиката, носејќи концепт преку серија албуми и добивајќи најмногу пофалби за неговата способност да пишува брилијантни текстови. Билети: 300 денари (претпродажба) *На билетарница МКЦ или online преку bileti.mkc.mk

Ден на ретки болести 2019

$
0
0

NARMB

По повод одбележувањето на „Денот на ретки болести 2019”, Националната алијанса за ретки болести на Р. Македонија (НАРБМ) организира два интересни настани, во рамки на проектот „Системски решенија за пациентите со ретки болести“, финансиран од Европската Унија. Главната цел на овој проект е креирање и усвојување на системски решенија за пациентите со ретки болести преку соодветни законски решенија, национален план и функционална институционална поддршка. 28.2. (ЧЕТВРТОК) Во Младинскиот културен центар, горно фоаје (Скопје) на 28 февруари од 14:30 до 16:30 часот, меѓународниот ден на ретки болести официјално ќе го одбележиме со прес-конференција, на која говор ќе имаат претставници од релевантните институции и од НАРБМ, и на која ќе следи предавање за ретки болести, за и од студенти, во организација на ЕМСА. Настанот ќе биде јавен и отворен за претставници од институции, здруженија, доктори пациенти, медиуми и сите заинтересирани граѓани. Агенда: 14.30 - 14.45 - изјави за медиуми 14.45 - 15.30 Дискусија - Ребека Јанковска Ристовски - поздравно обраќање, Претседателка на НАРБМ - Тејка Василјевиќ - координаторка на проектот Системски решенија за пациентите со ретки болести - Венко Филипче, Министер за здравство - Душан Томшиќ, Советник во Министерство за труд и социјална политика - Мирсада Емини Хасани, Претседателка на Парламентарна комисија за здравство - Весна Алексовска, НАРБМ 5 години - фасилитатор: Наташа Анѓелеска, ХАЕ Македонија Здружението на студенти по медицина ММСА ќе организира предавања за ретки болести наменети за студенти, кое ќе се одржи во Деканатот на медицински факултет. 2.3. (САБОТА) На 2 март во Детскиот креативен центар (ДКЦ) ќе организираме уште еден јавен настан - креативна работилница за деца, која ќе има цел да ги запознае младите (и повозрасните) гости со различностите и ретките болести. Предвидена е следната агенда: 11.00 – 11.10  Добредојдовте – Ребека Јанковска Ристовски 11.10 – 11.25  „Жонглирање – ретко кој може!“ – Кристијан Бенито, детски аниматор и жонглер 11.25 – 11.40  „Мече болница“ – ЕМСА 11.40 – 12.00  Дружба со ретки животни – Војо Иванов 12.00 – 12.15  Музичко катче – Drum Talks 12.15 – 12.30  пауза за сендвичи и сокчиња 12.30 – 12.40  Обраќање на Мила Царовска, Министерка за труд и социјална политика 12.40 – 13.00  Учиме песнички и боиме боенка за ретки – Училиште за странски јазици ЛИОН, Скопје За време на целиот настан нашите пријатели од приватното училиште за странски јазици ЛИОН од Скопје ќе ги бојат лицата на децата, како дел од кампањата за поддршка на лицата со ретки болести: „Покажи ја својата реткост, покажи дека се грижиш“. Ве очекуваме!

ЕВРОПСКИ ДЕН НА УМЕТНИЧКАТА КРЕАТИВНОСТ

$
0
0

creart day

ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ ЗАЕДНО ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА УМЕТНИЧКАТА КРЕАТИВНОСТ CreArt мрежата е подготвена да ја прослави 7-годишнината на Европскиот ден на уметничката креативност што ќе се одржи на 21 март, 2019. Предлозите што ќе бидат презентирани се малку поразлични, движејќи се од отворање на изложби во јавни музеи и приватни галерии, како и имплементирање на работилници во галериите, јавните места, музеи и училишта, до организирање школски содржини, водички тури, или разговори со уметниците од уметничките училишта. Програмата може да ја проверите овде.   САЕЛИЈА АПАРИСИО (ВАЉАДОЛИД) И ЛУКА АРБОКО (ЏЕНОВА), СЕЛЕКТИРАНИ ЗА СЛЕДНАТА УМЕТНИЧКА РЕЗИДЕНЦИЈА НА CreArt ВО ЛИВЕРПУЛ (ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО) [cml_media_alt id='4360']saelia creatrt[/cml_media_alt]Градот Ливерпул во Обединетото Кралство и Bluecoat центарот за уметност ги селектираа Саелија Апарисио од Ваљадолид и Лука Арбоко од Џенова да ги развиваат своите проекти во резиденцијата Bluecoat во месец март. Градскиот совет на Ливерпул, член на СreArt, е одговорен за организација на патувањето и сместувањето на уметниците, кои исто така ќе добијат грант за продукциски трошоци.     ЏЕНОВА СЕЛЕКТИРАШЕ 15 КУРАТОРИ ЗА СЕМИНАРОТ „МЕЃУ ЈАВНОТО И ПРИВАТНОТО. ДОБРИ ПРАКТИКИ ВО КУРАТОРСТВОТО“ [cml_media_alt id='4359']genoa[/cml_media_alt]Градот Џенова селектираше 15 учесници на семинарот „Меѓу јавното и приватното. Добри практики во кураторството“, координирано од кураторот и Професор по уметност на Академијата за ликовни уметности во Лигурија, Алесандра Гаљано Кандела. Семинарот што ќе се одржи во Дуждовата палата во Џенова, од 21-ви до 23-ти март ќе ги подобри релациите меѓу музеите и современата уметност, курирајќи иницијативи, поврзувајќи го јавното и приватното, улогата што ја имаат фондациите, саемите и галериите.     CreArt ОТВОРА НОВ ПОВИК ЗА УМЕТНИЧКА РЕЗИДЕНЦИЈА ВО ЛИНЦ ВО ТЕКОТ НА МАЈ 2019 [cml_media_alt id='4366']linz_1[/cml_media_alt]CreArt отвора нов повик за селектирање двајца артисти родени или жители на некои од градовите од мрежата, кои ќе имаат можност да работат на своите проекти во текот на месец мај. CreArt ги покрива патните трошоци за уметниците. Студиото и сместувањето се бесплатни. Исто така, уметниците добиваат грант за да ги покријат своите материјални трошоци за проектот. Условите и онлајн аплицирањето се достапни на страницата на CreArt и треба да се пополнат најдоцна до 25 март.     ГРАД СКОПЈЕ ПОВИКУВА ДВАЈЦА УМЕТНИЦИ ОД МРЕЖАТА НА ЕДНОМЕСЕЧНА CreArt РЕЗИДЕНЦИЈА [cml_media_alt id='4362']SK[/cml_media_alt]Градот Скопје отвора нов CreArt повик за двајца уметници за Резиденцијалната програма, еден локален уметник од Скопје и еден од градовите од мрежата, во Културно-информативниот центар (КИЦ), во периодот од 20 мај до 20 јуни. Организаторот ги покрива патните трошоци и сместувањето, како и средства за покривање на материјалните трошоци. Онлајн апликацијата е отворена до 20 април на сајтот на CreArt, во одделот за ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ.

Smut –промоција на „Тие се насекаде“

$
0
0

smut

Повеќе инфо наскоро.

ТРАПСЛАВИЈА 2

$
0
0

trapslavija 2

Другари и другарки, TRAP DA FUCK UP со гордост ви ја претставува втората работна акција - ТРАПСЛАВИЈА 2. На 15 март (петок) во Скопје се обединува трап-сцената од Вардар до Триглав. На барање на трап-синдикатите низ републиката на сцената во МКЦ ќе се журкаме со: KUKU$ TV SURREAL Ledeni Donplaya BON PRASKIZA Irie Scratch Druggy 5R x OG Neox Почетокот на настанот е закажан во 21 часот, а трае до 3 часот. Карти на билетарницата во МКЦ и онлајн на: bileti.mkc.mk 400 МКД (до 10 март); 500 МКД (по 10 март); 600 МКД (на врата) Подгответе се за 6-часовно журкање и сквотање како Real Slavs на настанот на кој се гордее и (лил) Тито. * поддржано од: Red Bull, MY:TIME, Jägermeister.

CREART – OТВОРЕН ПОВИК ЗА УМЕТНИЧКИ ПРЕСТОЈ ВО СКОПЈЕ

$
0
0

creart day

Град Скопје ги известува уметниците што живеат и работат во Скопје дека во соработка со ЈУ „Културно информативен центар (КИЦ)“ е распишан отворен повик за уметнички престој во Скопје, во периодот од 20 мај до 20 јуни 2019 година, како дел од активностите на европскиот проект на мрежата Креарт (CreArt - http://creart-eu.org), поддржан од програмата на Европската комисија „Креативна Европа“. Повикот се однесува за уметнички престој и работа во Скопје за двајца уметници: еден уметник што живее и работи во Скопје и еден уметник што доаѓа од 11-те градови-учесници во проектот CreArt. Уметниците треба да работат во просториите на „Културно информативен центар“ во периодот од 20 мај до 20 јуни, а на крајот од престојот ќе се организира изложба со новосоздадените дела. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО: • Организаторот (Културно информативен центар) ќе ги покрие патните трошоци и сместувањето за уметникот што доаѓа од мрежата на градови CreАrt, трошоци за престој до 400 евра, а ќе бидат обезбедени материјали за работа во износ не поголем од 500 евра; • За уметникот што доаѓа од Скопје, организаторот (Културно информативен центар) ќе ги покрие локалните патни трошоци, дневните трошоци до 100 евра и ќе бидат обезбедени потребни материјали за работа во износ не поголем од 500 евра; • Секој уметник ќе добие 250 евра како авторски надомест за изложбата; • Избраните уметници ќе ги користат просторните и техничките капацитети на „Културно информативниот центар“; • На крајот на престојот ќе се организира изложба на двајцата уметници со уметничките дела направени за време на работниот престој во “Културно информативниот центар“. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: Апликантите мора да обезбедат во еден  PDF документ: • Лична карта или пасош (скенирана копија); • Кратка биографија и целосно портфолио со уметнички дела; • Краток предлог-проект (една страна од А4)В • Графичка документација поврзана со престојот Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на online апликација на следниот линк: online апликација Рокот за пријавување е до 20 април 2019 година. * CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво) претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми.

Вечери на женски права #10

$
0
0

Logo WRN 10

Десеттото јубилејно издание на „Вечерите на женски права“, ќе се одржи во знак на овогодишната тема за одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8 Март: „Размислувај еднакво, гради паметно, со иновација за промена!“. Фокусот е на лидерките во индустријата, на start-up-и кои прават промена, социјални претприемнички, активистки и жени иноваторки, изнаоѓање начини преку кои ИНОВАЦИЈАТА може да ги премости пречките и да го забрза прогресот кон родовата еднаквост. 6.3.2019, среда, 20.00; Кинотека на Македонија
20.00 Изложба на фотографии на студенти од Универзитетот за аудиовиузуелни уметности ЕФТА, во соработка со студенти од Институтот за родови студии - Филозофски Факултет Скопје. 20.30 - Проекција на краткиот документарен филм „ВОВЕД ВО I-TECH“ (Приказни од Шведска) - Проекција на документарниот филм „ТАА ЗАПОЧНА“, - САД, 2016, 84 мин. Режија: Нора Поги, Инсија Саед ТАА ЗАПОЧНА е долгометражен документарец за жените-претприемачи во високата технологија, снимен на локации во Силиконската Долина, Мисисипи и Њујорк во САД, Европа, Виетнам и во други земји. ТАА ЗАПОЧНА е прв филм кој ја прикажува позадината како младите жени  започнуваат бизнис во високоразвиените технологии. Филмот следи пет млади жени во период од две години и начинот на кој тие ги градат нивните компаниски тимови, развиваат проекти на пазарот, како пропаѓаат во бизнисот, но и како повторно се креваат. 7.3.201, четврток, Кинотека на Македонија 20.00 - Проекција на кратките документарни филмови „РОДОВИОТ ФОТОГРАФ“ и „МОДНАТА БИБЛИОТЕКА“ (Приказни од Шведска) - Проекција на документарниот филм „КОД - ОТСТРАНУВАЊЕ НА РОДОВИОТ ЈАЗ“, - САД, 2015, 80 мин. Режија: Робин Хаузер Рејнолдс Работните места во информатичката индустрија се зголемуваат трипати побрзо отколку што американските колеџи произведуваат дипломци по компјутерски науки. До 2020 година ќе има еден милион незавршени програми за софтверско инженерство во САД. Преку бројни интервјуа, уметничка анимација и досетливи поенти од популарната култура, документарецот КОД ги испитува причините зошто многу девојки и луѓе што не се белци не бараат можности во компјутерските науки и истражува како културните размислувања, стереотипите, образовните пречки и сексизмот играат улоги во оваа криза од национални размери. Ставовите на експертите од сферите на технологијата, психологијата, науката и образованието се испреплетени со инспиративните приказни на жените кои се ангажирани во борбата со предизвиците во технолошката индустрија и ги слушаат нивните гласови. КОД има за цел да ги поттикне промените во менталитетот, во образовниот систем, во започнувањето сопствен бизнис и во начинот на кој жените се гледаат себеси на тоа поле. 8.3.2019, петок, МКЦ 19.30, МКЦ Галерија Отворање на изложбата „CHANGING REFLECTIONS“ Учеснички: Марија Ветероска (Македонија); Ана Јовановска (Македонија); Дита Старова Ќерими (Македонија); Јана Јакимовска (Македонија); Христина Зафировска (Македонија); Михаела Јовановска (Македонија); Катерина Ристовска (Македонија); Розафа Шпуза (Албанија); Маја Ќук (Србија); Сузана Ардо (Велика Британија); Ивана Смиљаниќ (Србија). Насловот на изложбата „Менување на рефлексии“ (Changing Reflections) сугерира повеќеслојни толкувања, секако пред се условени од различностите на авторскиот ракопис кај секоја од претставените авторки, но и играта со различните толкувања на поимот „рефлексија“. Поаѓајќи од етимологијата на лат. reflex (да се навали наназад), самиот концепт на рефлексија има мноштво „менливи“ толкувања во различни области: во физичката појавност на светот се дефинира преку одбивање на светлина (топлина, звук) од рамна површина; медицински како автоматска реакција на надворешна дразба (рефлекс); филозофски како когнитивна алатка или идеја за нештото; психолошки како процес на набљудување преку преносното значење на ‘одразот на сликата во огледалото’ во насока на набљудување, ретроспекција и/или интроспекција; општествено како резултат на одредени причинско-последични односи на објекти/субјекти итн. Сумирано, рефлексијата како дејствие се манифестира преку одбивање, гледање, расудување, разгледување, реакција, релација, влијание, идеја... Мноштвото на овие појдовни позиции се имплементирани во делата на претставените авторки во насока на разоткривање, критикување и во крајна линија менување преку прифаќање на основите и толкувањата во некои од, се уште, востановени доминантни норми на однесување, принципи и предрасуди воопшто на интимно и општествено рамниште.
  • Маја Чанкуловска Михајловска (осврт кон изложбата)
  • Шќипе Мехмети (организатор на изложбата)
20.00, МКЦ Кино Фросина - Проекција на краткиот документарен филм „ДРУГИТЕ ЗБОРУВААТ, НИЕ ПРАВИМЕ ! - КОН РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ВО ШВЕДСКАТА ФИЛМСКА ИНДУСТРИЈА“ (Приказни од Шведска) - Проекција на документарниот филм „ГИК ДЕВОЈКИ“, - Велика Британија, 2017, 83 мин. Режија: Џина Хара ГИК ДЕВОЈКИ е првиот долгометражен документарен филм кој ја истражува скриената половина на фан-културата: жени бубалици. Иако гик заедниците во последно време прераснуваат во позначајни културолошки контрибутори, многу малку внимание е насочено кон жените кои живеат и работат со култура на бубалици на дневна основа. Филмската авторкаЏина Хара се осврнува на оваа тема навлегувајќи во свет на професионалните гејмерки, симпатични фустани, лажни имиња и смртни закани; таа ги следи нејзините субјекти преку возбудата од новооткриената заедница и обесхрабрувањето од исфрлањето од истата, истовремено истражувајќи ја борбата со сопствениот гик идентитет. 21.30, МКЦ Кино Фросина Дебата РОДОВ ГЕЈМИНГ ЗА ЕДНАКВИ ПРАВА Модератор: Ана Јовковска Учесници: Аријана Коскарова (Creative Hub); Ива Михајловска (NapNok); Ирена Н. Чаушевска (Next Billionaires Capital, New-Man’s Business Accelerator); Климентина Илијевски (Паблик, Лице в лице); Петар Ниновски (Brainster); Тамара Котевска (Honeyland) 22.30, МКЦ Фоаје Кино Фросина Коктел забава со „СТРАНА Б“ 13.3.2019, среда, 12.00; Кинотека на Македонија 12.00
  • Прогласување на наградените фотографии од средношколците на конкурсот: Размислувај еднакво, гради паметно, со иновација за промена!
  • Проекција на кратки документарни филмови од серијалот „Приказни од Шведска“
  • Дебата со Ана Jовковска
*Овогодишното издание на Вечерите за женски права е организирано од страна на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА Скопје, со поддршка на Град Скопје и UN Women канцеларијата во Скопје, а во соработка со Институтот за Родови Студии - Филозофски Факултет Скопје и Амбасадата на Шведска во Скопје.

Дебатен филмски клуб ЛАЛЕ –март

$
0
0

lale

МАРТ, месец на бунтовност Секоја генерација има свои бунтовници. Но, не оние суперхерои од марвеловата ергела, не славни имиња од историјата или уметноста, не од науката, туку обични мали, едноставни ликови од нашето соседство чиишто инстикти и внатрешните пориви се етичкиот баланс на вредностите, суштината на разликување добро од зло. Во месец март тие се нашите херои! Влез и дискусија без котизација 6.3. (среда) THIS IS ENGLAND Обединето Кралство, 2006, 101 мин. Режија: Shane Meadows, улоги: Thomas Turgoose, Stephen Graham, Jo Hartley Има нешто заканувачко, многу вознемирувачко и затегнато во оваа емпатична приказна за „лудилото“ на растењето. Прониклива режија и врвен кастинг... Музиката на Лудовико Инауди во идеална контратежа со драмското дејствие. https://www.youtube.com/watch?v=CXDNsPRTANw 13.3. (среда) BILLY ELLIOT Обединето Кралство, Франција, 2000, 110 мин. Режија: Stephen Daldry, улоги: Jamie Bell, Jullie Walters, Jean Heywood „Били Елиот“ е филм кој едноставно не може да не се сака. Овде бунтовноста не е физичка туку се менифестира на духовен план. Режисерот вешто создава модел на воздржаност и топлина, но, истовремено не вовлекува во чудна екстатична атмосфера. https://www.youtube.com/watch?v=Im7n8HGOQMs 20.3. (среда) MUSTANG Турција, Франција, Германија, 2015, 97 мин. Режија: Deniz Gamze Erguven, улоги: Gunes Sensoy, Doga Zeynep Doguslu, Tugba Sunguroglu Младешкиот отпор кон закоравениот традизионализам. Неодминливата еманципација прикажана како возбудлива и емотивна фаза во растењето на петте тинејџерки од Турција. Извонреден кастинг во функција на ретко видена синергија. Дебитантски филм на режисерката. https://www.youtube.com/watch?v=ABNB3zw5BAo

Cannibal Corpsе

$
0
0

Cannibal Corpse

За секој од поголемите светски бендови секогаш може да се напише дека во нешто се пионери, дека се најдобри и најголеми и да им се залепат уште многу епитети. Меѓутоа ретки се бендовите за кои тоа вистински важи. Cannibal Corpse се бенд од првата петорка на американската дед-метал школа од крајот на 80-те и почетокот на 90-те години, Бенд што буквално измисли свој правец, кој никогаш не застрани и кој инспирираше и сѐ уште инспирира нови генерации од целиот свет да свират Cannibal рифови. Предводени од виртуозот на бас-гитара Алекс Вебстер, машината за рифови Роб Берет и буквално вистинскиот ѕвер на микрофон Џорџ 'Corpsegrinder' Фишер, Cannibal Corpse повеќе од 30 години се неприкосновени во металскиот свет. Со 14 студиски албуми зад себе и десетици други изданија, секако важат за еден од најкреативните бендови на планетава. Red Before Black е нивниот последен опус, кој летово ќе го презентираат низ Европа, и конечно за прв пат ќе свират и кај нас. На 18 јуни во Скопје, во МКЦ испишуваме нова страница во македонската метал историја! Првите 100 билети ќе бидат по промотивна цена од 800 денари. Потоа стандардната цена е 1000 денари, а на денот на концертот ке биде 1200 денари. Билети ќе има на билетарницата на МКЦ и на bileti.mkc.mk и во мрежата на mktickets.mk Инфо за предгрупи наскоро!

„Ателјето на Монмартр“ од Олга М. Петкова

$
0
0

Layout 1

Промоцијата на книгата, „Ателјето на Монмартр“ и заедничкото дружење во духот на париското soireè, дополнето со безвременските звуци на големиот Charles Aznavour. „Дејствието на книгата, главно сместено во Париз, говори за безвременскиот шарм на овој град, за неговиот боемски дух, за вистинската уметност, за квалитетната литература, за добрата поезијата, за естетиката, за љубовта кон убавите нешта, кои остануваат вечни. Оваа книга е ода на љубовта кон љубовта. Таа ја глорифицира уметноста на љубењето. Низ интензивната љубовна приказна на убавата Русинка Наталија и францускиот сликар Андре, книгата се осврнува и на традиционалните и културолошките разлики меѓу Истокот и Западот. Таа содржи и големи мудрости, таложени со векови и скриени преку превезот на уметноста. Низ елеганцијата и леснотијата на белетристиката, оваа книга ја обработува и сериозноста на филозофијата. Преку животот на ликовите, таа отвора длабоки, егзистенцијалистички прашања, кои не мачат сите нас, некој повеќе, некој помалку. „Дали богатството може да ја замени љубовта?, „Дали убавината на една жена има своја цена? - се само дел од вечните дилеми, на кои ниту ликовите во книгата, не успеваат да им побегнат. Сите ние сме си одговорале на овие прашања различно, во различно време, но дали некој од нас успеа да се убеди себеси?“

Месечиново –куклена претстава

$
0
0

mesecinovo_2

Куклена претстава од друѓе за луѓе Драги луѓе, чујте и почујте, Месечиново втор пат во МКЦ, Кино Фросина. Месечиново е другата страна на темнината, царствотото каде што живеат суштества сенекакви и разни од фантазии не празни. Страшни, а бестрашни, мали и големи, нашите ноќноноќиа во сплетки ги плеткаат: вештерки, самовили, џинови, џуџиња, караконџули, вампири, сенки, бувови... А најчудесни од сите се оние друѓе, слични на вас луѓе, како и неколку видови на друготни, не толку лични како животни. Месечината е нашата заштитничка, а Царица Милица – создадена од сребрен прав и сончев зрак – сите нè варди од безмилосен мрак. Во крилјата на Влечко, мајсторот на буварењето, расте малиот Ѕвечко, а неговата Сенка со магични сказни го топи во слатка дремка. Само Мачорот со својата мудрост и гатачки моќи, од сончевиот град е дојден во овие бескрајни ноќи. Но, драга публико наша, сè ќе се претвори во каша кога Кошмора – тој страв што во пештера живее – ќе почне да дивее... Останете со нас и бидете храбри, оти стравот ќе се надигра кога љубовта ќе заигра. Месечиново е претстава која обединува куклен, физички и театар на сенки. Режија и текст: Колектив Ветерница. Улоги: Марија Бејкова - Царица Милица и Темтелија Ивана Нелковска - Ѕвечко Билјана Митева - Сенка Билјана Димитрова - Мачорот Милош Стојановиќ - Влечко и Кошмора Куклар: Бруно Толиќ Kостимографија: Рената Димчов Сценографија: Велимир Жерновски Реквизита: Сања Симоска Избор на музика: Ѓорѓи Јаневски Дизајн: Ангела Маневска Анимација: Вања Шереметкоски МКЦ Кино Фросина Билет: 150 ден. Билети на билетарница МКЦ или на bileti@mkc.mk

Shock Troopers

$
0
0

shock troopers

Kонцертна промоција на „Глуво доба“ Shock Troopers - концертна промоција на новиот албум „Глуво доба“ Специјални гости: Gargoyles - band Reduced To Ashes 4 април (четврток) / МКЦ Скопје / 20 часот Влезници по цена од 200 денари на билетара во МКЦ или онлајн на bileti.mkc.mk. На врата 300 денари. Diehard Records & Booking

ЦРНИЛА РЕМИКС

$
0
0

crnila remix_poster

„Црнила ремикс“ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналниот препев и музика на Зад Аголот нè носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп субкултурата. Идеја и режија: Јордан Симонов Музика и препев: Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад Аголот“) Улоги: Луков – Стефан Вујисиќ Фезлиев – Александар Михајловски Хонда Иван – Владимир Петровиќ Методи – Горан Ников Младичот – Ненад Анѓелковиќ Неда – Сања Арсовска Христов – Павле Димковски Асистент на режија: Виктор Рубен Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска Видео: Милан Блажевски, Борис Таковски Дизајнер на тон: Симон Кипровски Дизајнер на светло: Илија Тарчуговски Графички дизајн: Бисера Михајловска Фото: Кире Галевски Времетраење: 45' Јазик: Македонски https://www.youtube.com/watch?v=bJnGd25ZNU4

„Крик и прашина“ –концертна промоција

$
0
0

krik i prashina

Концертна промоција на „Крик и прашина“ од Sashko Kostov  20 aприл (сабота) | 21:00 | сала Фросина __________________________________________ Осумте песни – „Прашина“, „Еј, еј“, „Ништо посилно“, „Living“, „Неонски хаос“, „Еве ти сон“, „Здив“ и „Последна“ ја создаваат и проектираат сликата за еден универзум полн различни предизвици и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања. Сашко Костов со овој албум отвора ново поглавје во неговото истражување на музиката. Не само инструменталниот сопствен предизвик – да се отсвират скоро сите инструменти на албумот, самостојно, туку и со текстовите на македонски јазик, напишани заедно со писателката Ана Стојаноска, албумот „Крик и прашина“ е оригинална, автентична, емотивно-експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија. Славчо Пеев, Антонија Арангеловиќ свиреа на цел албум, а Михаил Парушев, Бојан Петков - Шамба, Анета Качуркова, Александар Ристовски - Принц, Огнен Анастасовски - Окац, се појавуваат како гости на по една песна. На промоцијата Костов ќе свири со нов бенд составен од: Сашко Костов – вокали, гитара, семпелер и удиралки, Дамјан Данев – тапани, Марио Симоновски – гитара, Кире Ацевски – бас, Симон Облешевски и Мартин Џорлев - клавијатури. Дојдете концертно да пропатуваме во МКЦ - Сала 25 Мај. *инфо за билети наскоро

FUNK SHUI live at MKC

$
0
0

funk shui

FUNK SHUI LIVE AT MKC! ПРВ СОЛО КОНЦЕРТ, 29.3.2019 БИЛЕТИ ВО ПРОДАЖБА НА AVALON.MK! Драги пријатели, Со големо задоволство Ви го најавуваме нашиот следен значаен концертен проект. Нашите „деца“ FUNK SHUI конечно ќе го имаат својот прв соло концерт на 29 март во МКЦ (Дансинг сала)! Пред фактите и боговите молчат, а за Funk Shui доволно е само да се напомене дека изминатата година им беше доста плодна и активна со настапи на големи сцени и со големи артисти, имаа неколку нови изданија од кои излегоа хитовите „Виулица/Сомнежи?“, „Крик“, „Стаклени нозе“, „Деца“, а ако се земат предвид нивните фуриозни настапи, веруваме дека салата во МКЦ ќе биде исполнета до последно место. Билетите за концертот на Funk Shui ќе бидат пуштени во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија, онлајн на avalon.mk и билетарницата на МКЦ по цена од 300 денари, а на денот на концертот 400 денари. Побрзајте и набавете ги вашите влезници навреме!

„Роман на годината“ за Николина Андова Шопова

$
0
0

Nikolina

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2018 година, престижното признание го додели на романот „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова, во издание на „Темплум“. Во најтесна конкуренција беа и романите „Страв од варвари“ од Петар Андоновски и „Маџун“ од Влада Урошевиќ. Жирито за наградата беше составено од Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева. Денеска во Културно-информативниот центар во Скопје беше соопштен само насловот на нагредениот роман, додека свеченото врачување на наградата се предвидува за 10 април. Наградата „Роман на годината“, која годинава се доделува по 20 пат, се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ во партнерство со Град Скопје и Културно-информативниот Центар од Скопје и со финансиска поддршка на Министерството за култура. Генерален спонзор на наградата е „Комерцијална банка“ АД. * текстот е преземен од Радио МОФ

Vermilion Deviate • промоција на 7”

$
0
0

vermilion

Ни зедоа сѐ Останав да играм Со капка светла ноќ Во градот на лудите FUCK YOGA и 5060, ве канат на промоција: 27 години по неговото создавање, овој исклучително значаен музички артефакт од автохтоното скопско подземје - на 7" винил во тираж од 40 примероци. VERMILION DEVIATE - криза / the vision is lost За отворање на вечерта во Кино ФРОСИНА ќе биде прикажана селекција на архивски видеоматеријали, кои го документираат постоењето на VERMILION DEVIATE во неколку различни инкарнации. Четврток, 28 март, 20 часот. Кино ФРОСИНА и фоаје. “VERMILION DEVIATE 7" е уште еден бисер од архивите чиешто изнесување на виделина ја потврдува македонската инвентивност, често засенета од подобро промовираните погони на субкултурните звучни експерименти од поранешна Југославија. Двете песни се ударни, химни кои го пренесуваат духот на пост-панк и готикот од 80-тите во сочниот максимализам на раните 90-ти. "Криза" е бавен 7-минутен манифест, исполнет со глацијално чувство на пропаст – нихилистичкиот вокал на Златко Трајковски потсетува на раните BORGHESIA, додека чувствителниот, прониклив глас на Нора ја отелотворува песната. "The Vision is Lost" започнува со BAUHAUS-овски галоп, извртен бас и врескачки гитари, а завршува со епски дует од семплувани гласови и нервозни тапани. Но, најзачудувачки кај овие песни е колку отворено политички делуваат денес, текстуално и во изведбата - користејќи го мистицизмот, интелегенцијата, неспокојот, па дури и елеганцијата како повик за промена. Тешко е да се заклучи што точно VERMILION DEVIATE имале на ум, но според видеоснимките ископани по повод ова издание - опојна низа од голи насликани гради, пригушени лила светла, опожарени предмети и верски икони испроектирани на пластични церади - заслужуваат да бидат сфатени сериозно“. (Флора Питроло, ACC)

ANDALUCIA

$
0
0

Eight Balconies

Изложба на фотографии од Дејан Колевски и Кирил Пенушлиски На изложбата Andalucia ќе бидат претставени четириесетина уметнички фотографии на двајца современи македонски фотографи - Дејан Колевски и Кирил Пенушлиски. Изложените фотографии се направени во градовите Кордоба, Севиља, Гранада, Гарзамела, Кадиз и Ронда, каде што двајцата автори имаа студиски престој во периодот октомври – ноември 2017 година. Прикажувајќи ги луѓето, обичаите, природните убавини, културните споменици и архитектурата низ призмата на своите апарати, Колевски и Пенушлиски нудат уметничко толкување на идентитетот на овој регион на Шпанија. Дејан Колевски e мајстор на фотографијата, кој има повеќе самостојни изложби, меѓу кои и изложба во Националната галерија на Македонија во Скопје. Во неговите фотографии централно место зазема човекот, прикажан во урбана средина. Во оваа серија тој прикажува најразлични сцени од секојдневното живеење. Кирил Пенушлиски е фотограф, кој аматерски се занимава со фотографија од 1994 година. Пенушлиски верува дека помалку информации ѝ овозможуваат на фантазијата повеќе да работи, па затоа во неговите фотографии деталната и верната дескрипција е заменета со сугестија. Andalucia е негова прва самостојна изложба.
Viewing all 1499 articles
Browse latest View live