Quantcast
Channel: МКЦ
Viewing all 1499 articles
Browse latest View live

„Медена земја“ освои три награди на „Санденс“

$
0
0

medena zemja

Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфира во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“). На церемонијата што се одржа во Парк Сити, Јута, САД, „Медена земја“ ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change). Подигнувајќи ја наградата на најдобар филм, продуцентот Атанас Георгиев упати апел до властите да се реши проблемот со загадениот воздух во, како што рече, најзагадената земја во светот. „Медена земја“ беше во официјална конкуренција на престижниот американски фестивал за независни филмови „Санденс“ во категорија со уште 11 други документарци од целиот свет. *Текстот е преземен од Радио МОФ

Концерт на Camera

$
0
0

camera tour poster

Берлинскиот бенд со право е споредуван со иконите на краутрокот од седумдесеттите како Neu! и La Düsseldorf, со стегнат и моќен звук, иако тие, сè уште, на одреден начин се непредвидливи. Тешко дека кој било друг бенд знае како да создаде мутација од ситни музички нијанси кон вулкански ерупции како што знаат тие. Camera е мотор што работи под полна пареа, и што може да експлодира во секој миг. Каскадите од звук носат матна слика на безгранична желба за бунтување, што во секој миг е под закана да заврши на чистилиште, иако е проколната да биде безмалку неуништлива. Бендот продолжува со својата интергалактичка авантура на краутрок и на новиот албум - Emotional Detox. https://camerawithin.bandcamp.com/ Ако ги пропуштивте на ЗДРАВО МЛАДИ 8 или сакате пак да ги слушнете, датумот е 1 април во МКЦ.

КАЗНЕТИ СМЕ ЗАТОА ШТО РАБОТИМЕ ДОБРО?

$
0
0

frosina

„CINEDAYS“, кој лани стана единствениот фестивал од Б-категорија во земјава, годинава има буџет од 3 милиони денари од Агенцијата за филм, 1 мил. денари помалку од лани Само 3 милиони денари поддршка ќе добие Фестивалот на европскиот филм „CINEDAYS“, единствениот фестивал од Б-категорија во земјава. Агенцијата за филм денеска ги објави резултатите од конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во филмската дејност. Во две последователни години „CINEDAYS“, кој 17-та година го организира Младинскиот културен центар, добива 2 милиона денари помалку од државата. Фестивалот, кој се издвојува од повеќето во Македонија според квалитетот и постојаниот раст, и годинава доби шлаканица, откако едвај закрепна од шокот кога 1 милион денари му беа скратени и во 2018 година. Додека од МКЦ велат дека се чувствуваат како да се казнети, од Агенцијата за филм објаснуваат дека во одлуката нема никаква тенденција и дека намалениот буџет за филмска дејност е причина што речиси сите филмски манифестации, освен „Браќа Манаки“, добиле помалку пари. Директорот на „CINEDAYS“, Русе Арсов, вели дека е шокиран: - Ова е голем удар за нас. Ќе се жалиме во Агенцијата иако и лани го направивме истото, без резултат. Нашиот тим е демотивиран. Ако вака се „наградуваат“ тие што добро работат, тогаш се поставува прашањето дали воопшто на оваа држава ѝ треба „CINEDAYS“. Минатата година МКЦ реализира два други европски проекти. Како да ги наградиме и мотивираме луѓето да работат повеќе од вообичаено? Зошто некој да се мачи да работи повеќе од просечно? Минатата година бевме и категоризирани, односно станавме фестивал од Б-категорија, единствен во земјава, ама очигледно и тоа не е важно - вели Арсов. Три милиони денари од државата доби и Тетова интернационал филм фестивал - ОДА, кој годинава ќе го има осмото издание. - Намалувањето е поради намалениот буџет. Само кај „Браќа Манаки“ имаме зголемување на буџетот (за 1,5 милион денари, односно вкупно 9,5 мил. денари), затоа што годинава одбележува јубилеј од 40 години. „CINEDAYS“ е фестивал што има и други извори на финансии, Градот, европски пари, МКЦ заработува од продажба на влезници, од продажба на филмовите и затоа ценевме дека ним не им треба поголема помош. ОДА се реализира во 12 града во земјава и е единствен фестивал поддржан од Агенцијата на албански јазик. Најголем проблем е што буџетот ни е многу намален, а имаме речиси 90 филма што не се доплатени од претходната власт - објаснува Тозија. Членови на Управниот одбор на Агенцијата за филм, кои ги назначува Владата, се: Александар Касапинов, претседател, Ацо Дуковски, Блерим Османи, Бојан Лазаровски, Георги Трајчев, членови. Буџетот за филмска дејност годинава изнесува 170 милиони денари. Сребра Ѓорѓијевска * Текстот е преземен од www.fakulteti.mk

Отворен повик за ИНТЕРАКТИВНА РАБОТИЛНИЦА за млади –„ХОРОТ“

$
0
0

Patos1

[cml_media_alt id='4179']patos[/cml_media_alt][cml_media_alt id='4178']creativna evropa[/cml_media_alt] Оваа интерактивна работилница за млади помеѓу 16 -20 години е дел од истражувачкиот процес за меѓународниот театарски проект „The Chorus Project”, поточно „Хорот“ според трилогијата на Ајсхил „Орестија“. Македонскиот тим ќе работи на вториот дел од трилогијата, во режија на Ивица Димитријевиќ. Главна цел на претставата е реобмислување на улогата на хорот во античките драми во однос на денешниот социо-политички и културен контекст. Што значи зборот демократија во 21-виот век? Што значи да се биде граѓанин? Што значи Европа и „eвропска иднина“? Како да се поврзат локалното и глобалното? Индивидуалното наспроти колективното? Како да се претстави демократијата на сцена? Работилниците ќе се одвиваат во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје во три фази, во три последователни викенди со по две сесии дневно, во времетраење од 70 минути. Фаза 1 (16-17 февруари) Александра Михајловска (актерка и младински работник) Во првите сесии преку методологијата на неформално образование и применет театар ќе се работи на: - Поттикнување на критичко мислење кај младите - Групно истражување на темата и значењето на активно младинско учество во процесите на донесување на одлуки во заедницата; - Создавање простор за зајакнување на нивните лични вештини за јавно говорење и застапување на младинските интереси и потреби; - Анализа на делови од драмата директно поврзани со позицијата на (не)моќ на младиот човек да дејствува во склад со личните наспроти наметнатите вредности. Фаза 2 (23-24 февруари) Интерактивни дискусии со Кире Василев (Магистер по Европски студии и Студии за труд, социјални движења и развој ) и Мариглен Демири (Професор по филозофија) Оваа отворена дискусија ќе се обиде да ги препознае и лоцира предизвиците и проблемите со кои се соочуваат младите, барајќи ги новите форми на практицирање на демократијата во општествата во развој. Притоа работилницата го поставува прашањето дали либералните вредности и концептот на човекови права се компромитирани во современиот неолиберален капитализам? Во вакви општествени односи се бришат традиционалните политички поделби, а новите се формираат во виртуелниот простор каде што владее информациски хаос доминиран од лажните вести и гетоизацијата на јавното мислење. Бегство во сајбер-просторот се чини како единствена алтернатива на слобода на младите, можеби и затоа новата демократска комуникација станува ексклузивно виртуелна. Фаза 3 (2-3 март) Билјана Крајчевска (Драматург и педагог) Интерпретација - толкување на одредени теми во „Орестија” на Есхил преку дискусија и нивна контекстуализација со актуелните општествено – политички случувања, коишто понатаму ќе се користат како документарни извори за драмска предлошка. Бројот е ограничен на 30 учесници. Пријавување за работилниците најдоцна до 12.02.2019 година на chorusproject.mk@gmail.com За пријавување на работилницата потребно е да се испрати: - Име и презиме - Година на раѓање - Кратка биографија (најмногу една страна А4-формат) Селекцијата на учесници ќе биде направена од креативниот тим на проектот. Координатор на работилницата: Јасмина Василева (актерка) Проектот е поддржан од Креативна Европа (Creative Europe), а во копродукција на МКЦ – Скопје, АпСтарт Театар (UpStart Theater) од Лондон, Патос (Pathos) од Минхен и Театар ам Ланд (Theater am Land) од Грац.

За културата треба да се грижат луѓето од културата

$
0
0

jolevski

„Бројот на новинарите од културата се смалува од ден на ден. Имам чувство како да сме некое племе што полека исчезнува“. Интервју со Љупчо Јолевски за Нова Македонија Во книгата „Радио“ ги меморирате случувањата во културата, истакнувајќи ја моќта на радиото како медиум. Имате ли посебен однос кон него? – Радиото за мене било и ќе остане волшебен медиум. Тоа беше мојата прва вистинска врска со светот и со уметностите. Со музиката посебно. Растев со програмите на радио, оти тогаш не секој дома имаше телевизор. Радиото прво со изворната музика, со Тале Огненовски, Пеце Атанасовски, Вања Лазарова, Никола Бадев, а потоа со „Битлси“, Реј Чарлс, „Стоунси“, „Лед цепелин“… ме освои на прва топка и ме направи и денес да му се поклонувам со целото авторско битие. Кога сум на програма, се чувствувам како во своја кожа, иако, ете, низ годините, по играта на случајот, поминав и низ сите други медиуми. Кога бев во Македонско радио, постарите колеги велеа дека телевизијата прави лица, а радиото личности. И воопшто не грешеа. Во Радио Слободна Европа сум деценија и пол, каде што ја имав и, еве, сега ја имам слободата со глас, со текст, да бидам во етерот. Но една работа долго ме мачеше – тврдењето дека „етерот е ветер“. Дека сето тоа му се предава на заборавот истиот момент кога ќе тргне одјавната шпица на емисијата. Ете, и затоа гледајќи ги купиштата хартија на масата пред мене се решив да сторам некаков избор, кој потоа би се нашол меѓу корици, првично дури нималку свесен дека на тој начин веројатно ќе ја претставам мојата слика за движењата и стремежите во актуелната македонска култура за еден одреден период. Но искрено ќе кажам дека сѐ уште ми фалат класичните радиопрограми, каде што би можел да се распостелам со избор на говор, на гости и на музика што ќе биде дел од приказните. Којзнае, можеби еден ден ќе се најде простор повторно во Македонското радио за нешто такво. Во книгата има разговори со етаблирани, со познати и помалку познати личности од културата. Дали тие сакаат да се во медиумите, им веруваат ли? – На страниците на „Радио“ се најдоа личности од различни области што имаа своја приказна и силни аргументи за она што го творат. Луѓе што имаат голема потреба да комуницираат, да ги претстават својата уметност и своите сознанија пред нејзиното величество публиката. Оттаму, немам никаков сомнеж дека тие автори сакаат да бидат присутни во медиумите. Но од нивните зборови знам дека не милуваат да бидат секаде. Уште помалку една единствена вест за нив, со сите грешки, запирки и точки, да се појави потпишана од различни автори. Тие дефинитивно не сакаат копи-пејст новинарство. Ниту „водители“ и „автори“ што првпат се среќаваат со она што го креираат. Што не само што не им го знаат делото туку им ги забораваат и имињата и презимињата, а ги викнале да им бидат соговорници. Ете, затоа сѐ помалку им се верува на „новинарите“. Па и на оние „од културата“ што се загинале таму, а барале само можност нешто да заработат за живот во овие скудни времиња. Нѐ убија незнаењето и немањето желба нешто да дознаеме, да фрлиме поглед подалеку од буништево, да ги надминеме границите, да не им робуваме на новокомпонираниот начин на живот и политикиве што нѐ сотреа во државичкава. Како гледате на фактот дека на прсти веќе се бројат редакциите за култура и новинарите во нив во земјава? – Ова е особено болно прашање. Ја имав можноста да работам и во големи сектори што третираа култура и уметност и во мали мобилни рубрики што се бореа секаде да стигнат, да направат добар осврт, рецензија, разговор. И сето тоа да биде професионално сторено. Сега се некои други времиња. Беспарицата и некадарните ги столчија „државните медиуми“, особено културните рубрики во нив. Се смешаа лончињата онаму каде што не требаше, како во националниот сервис на пример, па, така, наместо таму да се негува она по што тие сектори беа врвот во регионот, емисиите од културата, документарните емисии, детската програма, музичките емисии, сега наместо оние што едуцираа, орото го водат оние што ја сфатија „политиката“ како можност за лична промоција и се приклонија кон некој од таборите. Уште полошо е во приватните медиуми, каде што успешноста се гледа по бројот на продадени примероци на весниците или по лајковите на сајтот, каде што сопствениците воопшто не ги интересираат културата и вистинските вредности, туку аферите и голите гради и долги нозе на некојаси таму. Оти тоа носело гледаност, читаност, симпатии, успех. И го удрија сатарот. Бројот на новинарите од културата се смалува од ден на ден. Имам чувство како да сме некое племе што полека исчезнува. А имаме нова, здрава, силна, млада култура на која мора да ѝ се даде шанса, која си го бара просторот и неизоставно мора да се спореди со сето она што се создава во регионот, во Европа, зошто да не и во светот. Не треба да заврши нашиот видокруг некаде кај Табановце, кај Богородица, по Делчево или кај Ќафасан. Таа нова литературна, театарска, ликовна, музичка понуда, мора да ги прескокне границите во нас и потоа во ова општество, што и не покажува сериозност дека му е гајле за вистинските вредности. Што треба да се случи за културата да биде повидлива и позаслужено медиумски третирана? – Додека културата служи како средство за пазарење помеѓу партиите, а така е од моментот кога почнавме да ја голтаме демократијата, повеќе од две и пол децении, без исклучок, кај нас нема да има квалитетен третман на културата. Ја фрлија во калта во моментот кога сфатија дека тие, читај политичарите, го заслужуваат шоуто. Не музичарите, глумците, поетите, сликарите. Работите не можат да се вратат назад ама треба да превладее свеста дека за културата треба да се грижат луѓето од културата. Кога така од врвот ќе се сменат работите, тогаш и културата ќе стане повидлива. Така можеби ќе се смени нешто во свеста кај сите. Дури и кај оние што милуваат да бидат господари на медиумската стварност. И тие веројатно првин ќе се согласат, наместо една, да дадат две страници за настаните од културата, ќе повнимаваат да ги нема сензационализмот, лажните вести и говорот на омраза во нивните изданија, или ќе се вратат на телевизиите петте минути култура, а на радиостаниците македонската музика и културните настани ќе се најдат не во глува доба туку во некое понормално време. Е, тоа би сакал да го видам, да го чујам, да го прочитам. Катерина Богоева

„Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска

$
0
0

kalina

Во понеделник, 11 февруари, во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе биде промовирана книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска. Станува збор за избор од текстовите што беа објавувани на порталот „Мис“, како своевиден дневник, а во кои Калина ги пренесуваше своите впечатоци од планинарските тури во Македонија, но и во соседните земји. Калина Велевска (1990), дипломиран правник, вработена во Основното јавно обвинителство, трагично го загуби својот живот, заедно со Александар Миновски, на 10 февруари 2018 година на Кајмакчалан. Книгата е во издание на „Репро принт“, издавачката куќа, која го издава и дневниот весник „Нова Македонија“, каде што Велевска еден период соработуваше како новинар-почетник.

ЗАГРОЗЕН МОДЕРНИЗАМ –АРХИТЕКТОНСКИ СЦЕНАРИЈА ЗА АДАПТИВНА (РЕ)УПОТРЕБА

$
0
0

Загрозен Модернизам

Изложбата „Загрозен модернизам: архитектонски сценарија за адаптивна (ре)употреба“ претставува сегмент од научноистражувачкиот проект „Загрозен модернизам“, насочен кон препознавање, проучување, вреднување и промоција на архитектонското наследство од периодот на Модерната на територијата на Република Македонија. Целта на истражувачкиот проект е повеќезначна. На документарно ниво, да пронајде и собере значаен историски материјал во форма на проектна документација, цртежи, фотографии итн.; на научноистражувачко ниво, користејќи се со проверени методи и постапки да изврши вреднување на избрани примери на архитектонското наследство и да ги утврди главните фактори, кои довеле до нивно загрозување; на педагошко ниво, резултатите од истражувањето да ги направи видливи за стручната и пошироката јавност со цел подигање на свеста за вредностите на градителското наследство од периодот на Модерната. Како надополнување на поставената методологија, на истражувачкиот процес му беше додадена и проектантска перспектива. Во рамките на наставата на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на предметите Ревитализација на градителското наследство и Интегративното студио - Адаптивна (ре)употреба на градби, пет архитектоснки градби, во својство на избрани студии на случај беа зададени како проектантски проблем: железничките депоа на Македонски железници - Инфраструктура, Фабриката за производство на картон и картонска амбалажа (поранешна „Комуна“), Шалтер салата на Телекомуникацискиот центар, Домот на културата „Гоце Делчев“ и Мултимедијалниот центар „Мала станица“, сите во Скопје. Основна цел на овие истражувања преку проект(ирање) беше да се тестира цел спектар на архитектонски стратегии (од прагматични до радикални), насочени кон испитување на потенцијалот на градбите за приспособување и промена, како и изнаоѓање нови содржини и облици преку кои постојните градби истовремено би биле и заштитени и ревитализирани. Пошироката јавна дискусија и интерпретација на добиените резултати е замислена да претставува појдовна точка за разговор во врска со можните иднини на овие вредни архитектонски градби. *** Автори на истражувањето и изложбата се: доц. д-р Ана Ивановска Дескова, доц. д-р Горан Мицковски, вонр. проф. д-р Елизабета Касапова и вонр. проф. д-р Јован Ивановски. Научноистражувачкиот проект „Загрозен Модернизам“ е финасиран од средствата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2017/2018 година, а изложбата е поддржана и од Младинскиот културен центар во Скопје.

KULTUR SHOCK

$
0
0

Kultur Shock

Формирани во Сиетл во 1996 година, бендот има 3 live, 6 студиски албуми, 2 EP's и над 1000 европски и американски концерти под појас. Kultur Shock се специјализирани во мешање на рок, метал и панк со традиционална балканска музика. Невозможно е да се дефинира стилот на Kultur Shock - критичарите и публиката дофрлуваат имиња како SOAD, Gogol Bordello, Manu Chao, Gang Of Four... Со седиште во можеби културно најразновидниот и прогресивен град на САД - Сиетл и делумно составен од имигранти што носат тешки влијанија од сопствените култури и позадина, со текот на годините бендот има развиено сосема нов жанр со непогрешлив тон и став. Не пропуштајте! 15.4.2019 | МКЦ Билети: *на Билетарница на МКЦ или online преку bileti.mkc.mk претпродажба 300 денари (до 31.03) 400 денари (од 01.04 до 15.04) 500 денари (на врата)

Threads*MKC Pop Up – Day&Night

$
0
0

threads

Threads е вториот stream од Threads, радио станица со студиски бази во Лондон и Берлин, која нуди уникатен и разновиден избор на музика, исто така обезбедува платформа за низа социјални, политички и комични talk-shows. Threads*МКЦ е првата екскурзија на радио надвор од ЕУ. Мултидисциплинарниот настан ќе ги покаже талентите на Македонија во различни форми, како што се музички претстави, рап, визуелни уметности, современ танц, моден дизајн, дискусии и повеќе.

OneBeat Balkans

$
0
0

onebeat balkans

OneBeat доаѓа: Откријте ја турнејата OneBeat Balkans За сите тие коишто сѐ уште не знаат, OneBeat Balkans е програма за културна размена и за соработка на 15 музичари од регионот, односно од Албанија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија, како и од САД. Музичарите соработуваат креирајќи музика, а истовремено се вклучени во мултидисциплинарна активности, организираат јавни работилници, а преку уметноста сакаат да го променат општеството на подобро, на пример да охрабрат подобар економски развој во овој регион. Оваа 24-дневна програма вклучува 14-дневен престој на планините Ругова во Косово, проследена со 10-дневна турнеја низ Тирана (Албанија), Приштина (Косово), Скопје (Македонија), Нови Сад (Србија) и Загреб (Хрватска). Веќе сите 15 музичари се наоѓаат во резиденцијата на OneBeat во Пеја, што е првата фаза од програмата. За време на овој период, учесниците ги споделуваат своите различни размислувања за културата преку музичките ноти. Овие ноти на музика ќе патуваат низ сите земји од регионот, имено Албанија, Косово, Македонија, Србија и Хрватска. OneBeat доаѓа во Скопје на 17 февруари 2019 во Младинскиот културен центар со почеток од 20:00 часот. Во Кино Фросина заедно со музичарите на OneBeat ќе настапи и Вера Милошевска-Јосифовска. OneBeat е иницијатива на Стејт департментот на САД, Канцеларијата за едукација и култура, во продукција на “Bang on a Can's Found Sound Nation” и Balkan Art Zone, а се остварува во партнерство со амбасадите на САД во Албанија, Косово, Македонија и Србија. За да дознаете повеќе за музичарите на OneBeat Balkan, концертите и настаните што ќе се одржат во наредните денови, посетете ги страниците на социјалните медиуми на OneBeat Balkans, како што се Фејсбук и Instagram, каде што ќе бидат споделени сите најнови вести за програмата.

БЛАГОЈ ВЕСЕЛИНОВ „ШУТИНГ СТАР“ ВО БЕРЛИН

$
0
0

Blagoj Veselinov

Актерот Благој Веселинов и другите европски учесници на „Шутинг старс“ (Shooting Stars) на Берлинскиот филмски фестивал вечерва ги добија наградите од манифестацијата за млади актерски ѕвезди. Свечената церемонија на доделување на наградите на најдобрите млади актери во Европа се одржа во салата „Берлин палас“, под покровителство на  платформата Европска филмска промоција (ЕФП). Наградите им ги врачија членовите на овогодишното жири за оваа програма, режисерката Теона Митевска и актерот Ингвар Сигурдсон (Исланд). По доделувањето на наградите следеше проекција на филмот Vice по сценарио и во режија на Адам Мекеј. Веселинов, ѕвездата на „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, е меѓу 10-те најдобри актерски таленти во подем во Европа, со уште девет актери од Ирска, Швeдска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија. На актерите за време на Берлиналето добиваат можност да се претстават пред филмската индустрија и критика. „Шутинг старс“ е најстарата и најпрестижна иницијатива за промоција на европскиот палент на меѓународниот филмски маркет, а од првата награда во 1998 досега на Берлиналето како еден од најголемите филмски фестивали во светот се претставени 303 наградени актери и актерки, што било пресвртна точка за многумина од нив, меѓу кои и оскаровката Алисија Викандер. Од Македонија пред Веселинов, оваа награда ја добија Лабина Митевска во 2009 и Наташа Петровиќ во 2011. Ана Василевска *Текстот е преземен од Макфакс

СИРОВА КУЛТУРА –ОТВОРЕН ПОВИК

$
0
0

Logo-Sirova-Kultura

Драги пријател(к)и, Би сакале да ве поканиме да ни се придружите во една нова авантура, наречена СИРОВА КУЛТУРА. Идејата на проектот СИРОВА КУЛТУРА е 4 пати годишно, на крајот на секое тримесечие, на младите независни и неафирмирани артисти, кои немаат повеќе од 30 години, да им се даде простор и време да го претстават она што го создаваат. Ако правите авторска музика, создавате уникатни уметнички дела, театар, пишувате проза/поезија или драми... Пишете ни на info@mkc.mk, со назнака СИРОВА КУЛТУРА и покажете ни што работите. Испратете ни линк до вашите инстаграм профили, фб страници или you tube канал на кои ја претставувате вашата уметност, или доколку не сте се претставиле на социјалните медиуми, пратете ни некоја од вашите творби на мејлот погоре. Нашиот вреден и посветен тим, до 15 март 2019, ќе направи селекција на пристигнатите апликации и ќе ги избере десетината најдобри, кои понатаму ќе учествуваат во еднодневен мултимедијален настан на кој ќе бидат претставени нивните дела. Во однос на продукцијата на делата што ќе бидат претставени на СИРОВА КУЛТУРА, Младинскиот културен центар ќе учествува со своја опрема, простор и логистика. Ваш, МКЦ

Промоција на „Понор“ од Златко Ѓелески

$
0
0

ponor

На 21 февруари во 19:00, во Џебното кино на МКЦ ќе се одржи промоцијата на зборката раскази „Понор“ од Златко Ѓелески. „Понор“ е петта книга во едицијата Наше маало на Бегемот. Станува збор за збирка од дваесет и три фантастични раскази ситуирани во главниот град Понор, каде што се пресретнуваат и одминуваат ликовите – некои намерно, некои случајно. Во него се запознаваме со протагонистите пред да се соочат со тешки одлуки, кои засекогаш ќе им ги променат животите. Понор е жив организам што се прехранува со судбините на ликовите, кои трагаат по сопствената среќа на погрешна адреса. Огледалата во Понор се употребуваат само за да се дотера суетата, наместо да се согеда потрошениот потенцијал на дефицитот на вредности. Во дел од расказите се тестираат границите на книжевните форми, постмодернистички се експериментира со структурата, приложувајќи еден негатив на градот во кој се одвиваат очудувачки настани. Понор не е видлив со голо око, напротив, тој е таен град кој се крие на опачината на реалноста, до кого читателите може да дојдат со помош на нивната имагинација. Во збирката, читателот е патник низ крвотокот на Понор, кој се запознава со мали ликови способни за големи нешта, кои во решавачките мигови на животот одлучуваат да го продадат својот спокој за инстантен успех, со краток рок на употреба. Понор е негатив на Скопје кое никогаш не постоело, град од некое друго вчера и денешно утре, до кое не смее да дојде. „Понор е збирка раскази, во кои авторот Ѓелески продолжува, со уште порадикална потреба, да ги истражува и да ги поместува креативните потенцијали на современиот, урбан и нему лично омилен – хорор-жанр, како и предизвиците на т.н. поетика на стравот, втемелена врз сознанијата дека стравот е основната и најискрена од човековите емоции“ – пишува за делото Елизабета Шелева, која ќе биде промотор на делото.

„Петрунија“ со две престижни награди на Берлинале

$
0
0

petrunija

На церемонијата за доделување награди од независни жири комисии во рамки на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, беше соопштено дека престижната награда од жири комисијата “Ecumenical” ја добива нашиот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска. Филмот дополнително се закити и со уште една фантастична награда специфична за берлинскиот фестивал; наградата “Guild Film Prize”. „Презадоволни сме од досега постигнатиот успех со овие две престижни награди, а задоволството е уште поголемо кога ја гледаме публиката како реагира на приказната за Петрунија во текот на овие фестивалски денови. Независно од исходот на главното доделување на Златната мечка, овие две награди, како и овациите, аплаузите и одличните рецензии од врвните филмски критичари, за нас се најголемото признание и сведоштво дека навистина успеавме да направиме филм кој испраќа силна порака“, изјави режисерката Теона Стругар Митевска. Инаку, „Ecumenical Award” е независна филмска награда која се доделува на филмови на големи меѓународни филмски фестивали уште од 1973 година, како Кан, Берлин, Локарно, Монтреал и Карлови Вари, а целта на наградата е да се оддаде почит на уметничките дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Во Берлин оваа награда се доделува од 1992 г., а „Ecumenical” жири комисијата ја претставуваат меѓународните филмски организации на протестантските и католичките цркви, “INTERFILM” и “SIGNIS”. Сочинета е од 6-члена жири комисија, а главната награда се доделува на филм од главната конкуренција на Берлинале за режисери кои успеале да ги претстават дејствијата или човечките искуства кои се во согласност со Евангелијата или да ги поттикнат гледачите на духовни, човекови или општествени вредности. Низ историјата, почнувајќи од 1974 во Кан, бројни реномирани и звучни филмски имиња се имаат закитено со наградата на “Ecumenical” жири комисијата, меѓу кои и Андреи Траковски, Вим Вендерс, Кристоф Кишловски, Мајкл Винтерботом, Браќата Тавијани, Михаел Ханеке и многу други, а оваа 2019 година престижната награда оди во рацете на Теона Стругар Митевска, за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“. Наградата “Guild Film Prize”, пак, ја доделува тричлена жири комисија, чии членови се управители на арт кина, а се исто така членови на Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија “AG Kino – Gilde e.V.”. Оваа Асоцијација денес брои повеќе од 300 независни филмски арт кино сали ширум Германија. Истата е поддржана од повеќе од 40 дистрибутери, здруженија и компании, а Асоцијацијата е дел и од европската кино мрежа “CICAE”. Жири комисијата на “Guild Film Prize” наградата ја доделува исто така на филмови од главната компетиција на Берлинале и е огромна препорака за гледачите и дистрибутерите, што ќе помогне за уште подобра дистрибуција на филмот кој наиде на неверојатен прием кај фестивалската публика. Инаку гала церемонијата за доделување на главните награди на 69-тото издание на Берлинале се одржува вечерва со почеток од 19 часот, на што претходи церемонијата на црвениот тепих, а пак околу 20.30 часот се одржува и последната прес-конференција на која ќе се соопштат добитниците на „мечките“ во повеќе категории. * Текстот е преземен од Радио МОФ

ПОСЛЕДНИТЕ ГОЛТКИ –ЕЛИЗАБЕТА БАКОВСКА

$
0
0

Promocija kaver 2

„Последните голтки“ е најновата, втора збирка раскази на Баковска, по „Четири годишни времиња“ од пред 14 години. Поднасловот ѝ е „раскази за суштински нешта, вторпат“, наспроти поднасловот на првата збирка: „раскази за суштински нешта“. Во неа има два циклуса: Раскази во трето лице и Раскази во прво лице, при што во првиот циклус се поместени 9 подолги раскази, а во вториот – 10 покуси. Иако поделбата е направена така да нѐ залаже дека во првиот дел се неличните, измислените приказни, а во вториот – обратното (личните, неизмислените), сепак тоа не е издрживо како основна подлошка за интерпретирање. Повеќе би рекла дека првите се малку помалку, вторите – малку повеќе лични. Сѐ на сѐ, „Последните голтки“ е книга на и за сеќавањето, некаков тефтер од минатото потпикнат под масата на сегашноста, за да ја направи постабилна, за да не се клати. Оливера Ќорвезироска Елизабета Баковска (1969) дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Докторирала на тема од областа родови студии на Институтот Евро-Балкан. Преведува, пишува поезија, проза и книжевна теорија и критика. На македонски јазик ги превела Надин Гордимер, Вилијам Фокнер, Бора Ќосиќ, Давид Албахари. Нејзина поезија, проза и критички текстови се преведени и објавени на англиски, шпански, романски, бугарски, словенечки, српски, црногорски јазик. Објавени книги: - Житие на нашата љубов, поезија (Маседониа Прима, 2003) - Четири годишни времиња: раскази за суштински нешта, раскази (Блесок, 2004) - Состојби на духот и телото по триесеттата, поезија (Блесок, 2005) - На пат кон Дамаск, роман (Слово, 2006) - Варварите сè уште пишуваат поезија, поезија (самостојно издание, 2015) - Сопствена соба, сопствено гето: женското писмо во современата македонска проза, книжевна теорија/критика (самостојно издание, 2016) - Тринаесет осврти за книжевни и слични дела, книжевна критика (Блесок, 2018) - Последните голтки: раскази за суштински нешта, вторпат, раскази (самостојно издание, 2018) За книгата зборуваат Оливера Ќорвезироска и Тихомир Јанчовски. Раскази чита Ана Василева. Фотографиите од книгата ги изложува Сашо Димоски.

„ЗЛАТНА РАМКА“ –ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ

$
0
0

zlatna ramka

„Златна рамка“ е годишна ревија на македонските филмови произведени во минатата календарска година. Настанот ќе трае три дена и ќе бидат прикажани 25 филмови, поделени на документарна, краткометражна и долгометражна програма. Почнувајќи од годинава, овој настан ќе биде редовна отчетна ревија на актуелната македонска кинематографија. Ова е единствена можност публиката и критиката да ги погледнат сите наши филмови на едно место. Иницијатор и организатор на „Златна рамка“ е Друштвото на филмските работници на Македонија. *проекциите за сите филмови се бесплатни Распоредот на проекциите видете го овде

ХУМАНИТАРНА ЗАБАВА

$
0
0

FUCK CANCER PARTY cover final-04

Сано е невладина организација на родители и пријатели на деца, кои се излечиле или мометално се лечат од малигни болести. Неодамна ги отворија вратите на нивната Родителска куќа, каде што бесплатно ќе можат да престојуваат родители и нивните деца, кои моментално се лекуваат од некоја малигна болест на Детската клиника, а не живеат во Скопје. За да биде оваа куќа привремен дом на уште многу фамилии потребна ни е вашата помош.Со таа цел на 1 март од 21:00 ќе ги собереме на едно место во Денсинг салата на МКЦ: Скопски Грув, Techtum, Pirka Avh и Druggy од Trap Da Fuck Up да направиме една предобра журка од која целиот приход од купени карти ќе ја потпомогне работата на родителската куќа и нашето здружение. Затоа карта во рака од билетарницата на МКЦ или на bileti.mkc.mk  и се гледаме таму !!

JONATHAN BREE

$
0
0

Jonathan Bree by ©Teresa Enhiak Nanni

Jonathan Bree за прв пат во Скопје! 6 мај 2019 | МКЦ Jonathan Bree e пејач, композитор, мултиинструменталист и продуцент од Нов Зеланд. Неговото музичко видео за "You're so cool" стана youtube сензација привлекувајќи ги гледачите со неговиот уникатен маскиран бенд и таа морничава надреална продукција. На 19 години тој го формирал бендот The Brunettes, пишувајќи и продуцирајќи 4 албуми и 4 EP за нив. Brunettes продолжиле потпишувајќи со Sub Pop, пред да се распуштат во 2010 година. Bree потоа исчезна, повторно оживувајќи во 2014 година како соло уметник со неговиот маскиран барокен бенд. Има издадено 3 соло албуми, а во моментов снима материјал за неговиот 4-ти албум и се подготвува за својата светска турнеја во 2019 година. https://www.powerline-agency.com/artist/jonathan-bree ________________________________________ Билети: 300 / 400 / 500 денари (до 1 април) / (од 1 април) / (на ден на концерт) Билетарница МКЦ или online преку bileti.mkc.mk https://www.youtube.com/watch?v=gxRq23qVE8A  

Architect of Reality

$
0
0

arhitekt of reality

Слушачка промоција на „Architect of Reality“ Со огромна чест и задоволство ви го најавуваме првиот деби албум на Стефан Петановски како соло-артист наречен „Architect of Reality“. Се работи за инструментален, „гитарски“ албум, кој жанровски најдобро може да се определи како прогресив рок-метал. Албумот излегува на 27 фебруари, а неколку дена подоцна, поточно на 5 март во бифето на МКЦ ќе се одржи слушачка промоција на истиот. На промоцијата ќе се продава албумот по промотивна цена од 200 ден (цена што важи само на денот на промоцијата), а по редовна цена истиот ќе биде 300 ден. На самата промоција албумот „Architect of Reality“ ќе се слуша во целост и ќе биде презентиран видеозапис за песната „Remember“, која е дел од самиот албум. Ќе ни биде огромно задоволство доколку дојдете да се дружиме, позборуваме и да слушаме заедно музика. ▶5 март (вторник)▶Бифе МКЦ▶20:00▶ Влез слободен

Изложба на Ивона Тричковска

$
0
0

mkc poster

„Asemic Schreiben“ („Асемантички записи“) премиерно реализирана изложба во Виена (2018), претставува континуитет на проектот Јазикот на ѕидот во Стариот амам во Тетово (2017). Составен е од насликани неврамени платна со нагласена ѕидна монументалност во кои доминира специфичен текстуален графицизам, а конципирани како елементи, кои го совладуваат галерискиот простор на специфичниот ентериер на традиционална османлиска градба како контрапункт на нејзините препознатливи стилски архитектонски содржини. Слободните мурални платна претставуваат полуапстрактни текстуални записи испишани на јазикот на асемантиката, имајќи предвид дека не само текстуалните инскрипции туку и гестуалните, неформални траги имаат своевидна знаковна носивост, извесна јазична текстура. Асемантичката форма отвора простор за слободно интерпретирање, го сугерира и/или дедуцира знаењето на апстрактното уметничко дело, се користи со различни симболи, знаци, пиктограми и идеограми, апстрактни графити, нечитливи и недефрирани скрипти, чкртаници, несврзани зборови, калиграфски или палимпсестички кодови, предизвикувајќи го нашиот когнитивен рефлекс, навикнат на препознавање и толкување на визуелниот јазик, најчесто обидувајќи се да се извлече знаење кајшто тоа можеби и не постои. Во асемантичките „ракописи“ знаењето е сугерирано од обликот на елементите/формите што ги користи. Понекогаш, тоа постои како концепција или „сенка“ на конвенционалната ракописна практика. Преку својот формат и структура, асемантичкото пишување може да сугерира одреден вид на запис или документ и со тоа да сугерира знаење. Уметничката форма е самиот ракопис, кој се восприема преку естетска интуиција на набљудувачот/гледачот.
Viewing all 1499 articles
Browse latest View live